11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

November 5, 2025
1 min read

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен противпорараната служба биле вклучени и други институции

  -Тоа беше една голема акција и еден брз, професионален и квалитетен одговор. Со сигурност можам да кажам дека е спасен огромен број животи. Преку 60 лица требаше да бидат евакуирани од 6. и 7. спрат. Зијад Лугавиќ – Градоначалник на Тузла.

Мегу повредените во пожарот се и седуммина врботени во домот кои исто така се хоспитализирани во клиничкиот центар  Во Тузла .. директорот на домот Мирсад Бакаловиќ утринава си поднел оставка.

 -Би ја искористил приликата за она што е најчовечки, она што најмалку можам да го направам во оваа трагедија и слично, јас утринава, што се вели од душа за да бидам со нашите корисници кои се овде и на сродниците кои изгубија некого до управниот одбор поднесов оставка,- Мирсад Бакаловиќ – Директор на пензионерскиот дом.

На социјалните мрежи протече и фотографија на која се гледаат пламените јазици на седмиот кат од домот, а еден спрат подолу како едно стои лице стои беспомошно. Дел од роднините на пензионерите  но и некои од нив  сведочат дека ситуацијата синоќа била хаотична. постоела голема загриженост бидејќи немале доволно информации што навистина таму се случува.

-Излегов во ходникот и ми се јави некој, вели: каде сте, дали сте загрозени? –Реков не сум загрозена, но не можам да бидам во собата- Ружа Кајиќ – Сместена во пензионерскиот дом .

-Како изгледаше целата евакуација? –За жал, не бев присутен во текот на евакуацијата, но во секој случај имав впечаток дека владее општ хаос, не беше организирано. Нема информации. Тончи Иличиќ – Син на сместено лице во пензионерскиот дом.

-Синоќа овде беше хаотично, меѓутоа видов и сама, бидејќи бев на лице место, пожарникарите и полицајците даваа се од себе, влегуваа без маски и полошо. Спасуваа повредени,- Адријана Чајиќ – Роднина на сместено лице во пензионерскиот дом.

Во домот биле сместени околу 100 луѓе..најалармантно според тамошните медиуми е дека на најгорните сапратови од домот биле сместени лица со деменција како и потешко болни, а со тоа и најдалеку од излезот на зградата,  иако корисиниците на домот и нивните семејства но и одредени политичари во тузла, со години предупредувале на лошите усклови во домот..

И покрај тоа во јануари управата на домот ја згоелмила цената за сместување за дури 30 отсто.

Портаолот кликс -ба тврди дека во Тузла со години било предупредувано дека зградата била небезбедна.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

Следно

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop