„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

November 5, 2025
1 min read

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на забранети страници се искачи на девет. Тука се вбројуваат уште и „Фејсбук“, „Икс“, „Снепчет“, „Тикток“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Тредс“, објави „Би-би-си“ (BBC).

Австралиската влада изјави дека технолошките компании коишто нема да ги преземат „разумните чекори“ за да ги исклучат профилите и страниците за малолетни корисници и да спречат креирање нови, би можеле да се соочат со казни до 32,5 милиони долари.

Така, на пример, иако тинејџерите под 16 години сè уште може да гледаат видеа на „Јутјуб“, тие веќе нема да можат да креираат профили.

Засега, „Дискорд“ и „Ватсап“ не се опфатени од новите мерки. Но, и платформите за игри како „Лего плеј“ и „Роблокс“, исто така, нема да бидат вклучени, како и образовните платформи „Гугл классрум“ и „Јутјуб кидс“ и сл.

Некои критичари предупредуваат на ризиците за приватноста и точноста на софтверот за верификација на возраста. А пак, застапниците за подобро ментално здравје велат дека оваа забрана би можела да им ја отежни комуникацијата на децата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство, така сме посилни и побогати како држава

Следно

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop