Тексас: Тригодишно девојче нашло дома пиштол и случајно ја убило четиригодишната сестра

March 13, 2023
1 min read

Девојчињата биле во спалната соба без родителски надзор, кога тригодишното девојче пронашло наполнет полуавтоматски пиштол и испукало еден куршум кон својата сестра, рекол шерифот на округот. Девојчето починало на самото место

Тригодишно девојче пронашло наполнет пиштол во својот дом во Тексас и случајно ја застрелало својата четиригодишна сестра. Девојчето починало, пренесува Си-би-ес.

Шерифот на округот Харис Ед Гонзалес изјави дека инцидентот се случил вчера околу 20 часот и дека девојчињата биле во спалната соба во станот во Хјустон каде што живееле со своите родители. Со нив живееле и други членови на семејството.

Девојчињата биле во спалната соба без родителски надзор, кога тригодишното девојче пронашло наполнет полуавтоматски пиштол и испукало еден куршум кон својата сестра, рекол шерифот.

Откако го слушнале истрелот, родителите се упатиле кон спалната соба и го нашле четиригодишното девојче на подот. Девојчето починало на самото место. По инцидентот семејството веднаш повикало полиција и брза помош.

Окружното обвинителство на округот Харис по истрагата ќе одлучи дали некој од родителите или другите членови на семејството ќе се соочат со обвиненија. Истрагата сè уште е во прелиминарна фаза, рече шерифот.

„Кога детето ќе го загуби животот на овој начин, заедницата е засегната. Оваа трагедија е една од многуте што можеше да се избегне. Продолжуваме да испраќаме порака дека ова може да се спречи. Мора да бидете одговорен сопственик на пиштол и мора да го чувате на безбедно место. Тоа е повеќе од кажување на малите деца да не допираат пиштоли. Мораме да направиме малку повеќе. Има премногу вакви трагедии“,

рекол шерифот Гонзалес, пренесува Си-би-ес.

Фото: Илустрација / EPA-EFE/AARON M. SPRECHER

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Матурантите на протест пред МОН – бараат да им се скрати материјалот за државна матура

Следно

Бројот на летови во ЕУ се уште помал од периодот пред ковид-пандемијата

Latest from Blog

Лондон утре ќе „експлодира“: Десничарите, антифашистите и Палестинците излегуваат на улиците

Собирот на поддржувачите на Томи Робинсон, закажан за утре во Лондон, ќе ги собере британските крајнодесничарски групи и христијанските националисти, додека пропалестинскиот митинг на Денот на Накба ќе се одржи истиот ден,

Пад од 30 отсто на новороденчињата за една деценија

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000.

Поранешните претседатели — државници во сенка или јавни актери? Црвенковски тивок, Иванов активен, Пендаровски критичен

Поранешните претседатели на Македонија по завршување на мандатите најчесто се повлекуваат од директната политика, но нивната јавна активност значително варира – од целосна тишина, до работа преку фондации и настапи на меѓународни
Go toTop