Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

November 5, 2025
1 min read

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи.

Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но всушност се меша во животите на илјадници луѓе кои работат, живеат и придонесуваат за развојот на Република Словенија, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво.

Што носи предлог-законот – новиот член 68а од Законот за возачи:

Носителите на важечка возачка дозвола издадена во одредени земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија) ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола за словенечка без повторно да го полагаат практичниот дел од испитот, во рок од првата година по регистрацијата на живеалиштето во Словенија.

Пред замената, носителот на возачката дозвола мора да достави доказ за ментална и физичка способност за управување со возила – на овој начин се спазуваат безбедносните стандарди.

Истата постапка важи и за словенечките возачки дозволи во овие земји.

Клучни цели на законот:

Поедноставување на процедурите за промена на возачките дозволи и елиминирање на непотребните бирократски пречки.

Намалување на административниот товар врз поединците и административните единици.

Овозможување на побрза интеграција на работниците и експертите на словенечкиот пазар на трудот.

Предлог-законот:

• елиминира неоправдани разлики и носи поедноставување кое е од витално значење;

• не значи намалување на безбедносните стандарди, бидејќи дозволите продолжуваат да се проверуваат;

• нема финансиски последици за буџетот, а воедно заштедува време и ресурси;

• овозможува побрзо вработување, помалку документација и поголема праведност за секој што живее и работи во нашата земја.

Ова е мал, но важен чекор кон поправедна, разумна и отворена земја која им верува на луѓето кои веќе имаат знаење, искуство и одговорност да возат.

Пратеничката Сандра Газинковски ги повика пратениците да го поддржат Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи.

-Ви благодарам на сите што придонесуваат Словенија да стане поотворено, поефикасно и поинклузивно општество! –

Во обраќањето рече пратеничката.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Следно

Турција: Остварени над 50 милијарди долари приход за девет месеци во 2025 година

Latest from Blog

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Go toTop