Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

November 5, 2025
1 min read

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако се очекуваше домашен триумф сепак, офанзивата на „Наполитанците“ не вроти со плод. Напротив, како што самиот тренер на Наполи, Антонио Конте по натпреварот изјави, германците одиграле одлично „Кананаџо“, мислејќи секако на дефанзивата која ја практикуваа во текот на сите деведесет минути.

„Можеме да кажеме што сакаме, но ако не постигнете гол, не победувате. Очигледно дека Ајнтрахт одлично научил како да практикува италијанска верзија на дефанзива „Катанаџо“. Да игравме ние таков натпревар во Германија ќе зборуваа за старомоден фудбал. Се обидуваме да внесеме повеќе европски стил во нашата игра. Штета е што не постигнавме гол, но не можам да ги обвинам момците за нивната посветеност“,  рече Конте.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Следно

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop