Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

November 5, 2025
1 min read

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги собира сите мали опозицикски партии за мегдан со ВМРО-ДПМНЕ. Познавачите ова го толкуваат како отворен повик до Левица, крик на очајникот кој доживеа огромен дебакл на 19. октомври и 2. ноември.

„Потребен ни е многу поширок, посилен и поорганизиран фронт – тоа е една од лекциите кои ги научивме за време на овие локални избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот што следи“изјави Филипче на денешната прес-конференција, отворајќи и ја ширум вратата на Левица, која по 30-те илјади СДС гласа за Амар Мециновиќ, веќе не е политичка девица.

Не се исклучува и коалиција со најголемиот лузер во албанскиот блок, ДУИ.НАИ ли, кој и да е, само да го победат ВМРО-ДПМНЕ. Рецептот е испробан со Заев во 2020-та… Иако, тие со ДУИ заедно имаат 10 општини, а ВМРО 55…

Потврди дека следуваат промени во раководството и политиките на СДСМ, но како што рече, идеолошката база и идеолошките политики на Социјалдемократскиот сојуз остануваат исти. Иако, никој не знае дали тоа се Бугари во Уставот, на кои и денеска повторно инсистираше ултра-лузерот од локалните избори.

Додаде дека подолг период се работи и на програмата која се однесува на различни сектори согласно вредносните политики на СДСМ. Демек, се разработиле, за промена…

Филипче рече дека ги следи реакциите и незадоволството во јавноста, но и во партиското членство, во врска со изборните резултати на СДСМ, за кои рече дека се должат на неисполнети очекувања.

„Разговарам со многу луѓе, ги пратам и реакциите кои стигнуваат до мене преку социјалните мрежи. Ја разбирам негативната емоција, сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи изборите и ги разбирам граѓаните. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат ќе може да се дебатира поразумно, пофер и поотворено. Од бројните разговори ќе ги водам ќе ги изберам најдобрите луѓе кои ќе бидат дел од тимот во следниот период. Најавив дека тоа ќе се случи оваа недела, но сепак ќе треба повеќе време, не сакам да се избрза со тој процес“, кажа со плачлив глас Филипче.

Филипче претходно најави дека по завршување на локалните избори ќе следуваат кадровски промени во раководството на партијата. Тој лично рече дека нема да поднесе оставка од претседател на СДСМ, но додаде дека изборите се јасен патоказ за партијата и за него за тоа какви политички и кадровски промени треба да се направат.

Иако, поверојатно, ќе биде како и секогаш – ОНАКА КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕ МЕНТОРОТ ЗОРАН ЗАЕВ.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

Најмалите деца најмногу шират вируси

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop