Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

November 3, 2025
1 min read

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина.

„Зошто да ја расипам среќата со брак?“

Кога водителот Карл Стефанович го праша дали тој и Бритни се свршени, Кроу цврсто одговори: „Сите овие објави што велат дека сме свршени и дека повторно се женам? Не.“ Потоа се пошегува: „Мојот живот е радосен и среќен – зошто да го расипам со свадба?“

Актерот објасни дека неговиот став е обликуван од претходното искуство. „Еднаш бев во брак и знам каде може да оди. Еднаш беше доволно. Не сакам повторно да поминувам низ тоа.“

Љубов без хартија

Иако бракот не доаѓа предвид, Кроу нагласи дека има стабилна и хармонична врска со Бритни. „Прво на сите, ние сме многу добри пријатели. Се почитуваме еден со друг, се смееме и сме навистина среќни. Сè правиме заедно“, рече тој со насмевка.

Двајцата се запознаа во 2013 година на снимањето на филмот „Скршен град“, но ја започнаа својата врска дури седум години подоцна, во ноември 2020 година. Првпат се појавија заедно на црвениот тепих во 2022 година во Рим, на премиерата на филмот „Покерско лице“.

Пријателство со поранешната сопруга

Кроу беше во брак со австралиската пејачка и актерка Даниел Спенсер од 2003 до 2012 година. Тие имаат два сина – Чарлс (21) и Тенисон (19). Иако се разведоа во 2018 година, актерот откри дека сè уште одржува добри односи со поранешната сопруга.

Се шпекулира за номинација за Оскар

Покрај приватниот живот, Кроу привлекува внимание во последните месеци со нов филмски проект. Во историската драма „Нирнберг“, која се занимава со повоените судења на нацистичките функционери, тој го игра Херман Геринг – една од најозлогласените личности на Третиот рајх.

Неговата изведба веќе предизвика критички пофалби и шпекулации за можна номинација за Оскар, што би била негова прва по повеќе од две децении – од „Прекрасен ум“ од 2002 година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Следно

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop