Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

November 1, 2025
1 min read

Европските демократи објавија дека се со милионите студенти кои денеска ќе излезат на улица за да ги постават прашањата „од кои се плаши системот“, имено кој дозволи пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и кој ќе биде одговорен за тоа.

„Точно пред една година во 11:52 часот, небото се урна врз железничката станица во Нови Сад, шеснаесет животи беа закопани под тони бетон, а зад нив ѕид од тишина“, напишаа Европските демократи на мрежата X, заедно со слика со наслов „една година, шеснаесет жртви, милиони на улиците“.

Како што додадоа, „не беше судбина, туку небрежност, корупција, неказнивост“, што укажува дека „се уште нема правда, вистина, одговорност“ за тоа.

„Денеска, милиони студенти ќе излезат на улиците. Исто како по железничката несреќа во Темпи, Грција, тие ќе ги постават прашањата од кои системот се плаши – Кој дозволи ова да се случи? Кој ќе биде одговорен за тоа? Ние сме со нив“, пишуваат на мрежата X Европсккте демократи, чии членови во Европскиот парламент припаѓаат на либералната група Да ја обновиме Европа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално: Џенова му врачи отказ на Виеира! (ФОТО)

Следно

Ленче им дава душа на старите стаклени предмети

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop