Си Ѓинпинг планира следната недела да отпатува во Русија на средба со Путин

March 13, 2023
1 min read

Посетата на Ѓинпинг на Русија доаѓа побрзо од очекуваното, пренесува Ројтерс

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг планира следната недела да отпатува за Русија за да се сретне со својот колега Владимир Путин. Посетата на Ѓинпинг на Русија доаѓа побрзо од очекуваното, пренесува Ројтерс.

Плановите за посета доаѓаат кога Кина се нуди да посредува за мир во Украина, напор што на Запад беше дочекан со скептицизам со оглед на дипломатската поддршка на Кина за Русија.

Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во завршувањето на конфликтот во Украина, а соработниците на претседателот велат дека Си Ѓинпинг има намера да се заложи за мултилатерални мировни преговори на средбата со својот руски колега Владимир Путин.

Руската новинска агенција Тасс на 30 јануари објави дека Путин го поканил Си да го посети напролет. „Волстрит журнал“ минатиот месец објави дека посетата на Москва би можела да се случи во април или почетокот на мај.

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг минатиот месец изјави дека неговата земја сака да игра улога во завршувањето на конфликтот во Украина и оти Кина е загрижена дека едногодишната војна може дополнително да ескалира и да излезе од контрола.

Кина никогаш не ја поддржа или јавно ја критикуваше руската офанзива и постојано ја изразува својата поддршка за Москва во врска со западните санкции. 

Минатиот месец Путин беше домаќин на првиот кинески дипломат Ванг Ји во посета на Москва и сигнализираше дека Си ќе отпатува во Русија.

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат откако речиси 3 000 члена на кинескиот парламент му ја дадоа поддршката. Почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па се до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката на Пекинг за Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Да се отстранат дивите таксисти и да има инспекции – бараат такси превозниците од Арсовска

Следно

Папата Франциск одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква

Latest from Blog

Проданоски: Над 100 македонски уметници на големиот спектакл „Силно светнал ден“

Прилеп на 19 август ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, со кој ќе биде одбележана 35-годишнината од независноста на Република Македонија. На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе настапат повеќе

Николоски на терен: Се решаваат инженерските предизвици на автопатот Охрид–Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок на терен посветен на изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Средбата се одржала

Димитриеска-Кочоска: 239 милиони евра поддршка за компаниите, инвестициите продолжуваат

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска објави дека досега вкупно 239 милиони евра од средствата наменети за поддршка на домашните компании се веќе пласирани во македонската економија, оценувајќи дека мерката поттикнала значаен инвестициски

Неделен преглед на Македонската берза: Промет од 219,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 219.205.266,36 денари, од кои

Сега во прашање се часови: ПСЖ пред промоција на херојот на Шпанија + уште еден фудбалер

Крилниот напаѓач на Шпанија и Барселона, Феран Торес, и белгискиот крилен напаѓач на Ајакс, Мика Годес, моментално се во Париз, каде што се подложени на медицински прегледи пред нивниот трансфер во Пари
Go toTop