Ковачевски: Вистината не смее да подлежи на ревизионизам зашто тоа е рецепт за повторување на ужасите од холокаустот

March 12, 2023
1 min read

„За да осигураме безбедна иднина за генерацијата после нашата, сите денес мораме да покажуваме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и популистички идеолигии, кои водат кон фанатизам“, рече премиерот Ковачевски на комеморативниот настан по повод 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка

Историјата, исто како и сегашноста на Република Северна Македонија докажуваат дека е секогаш на вистинската страна на историјата како демократи за кои никој не е и не може да биде повеќе или помалку важен. Ова во својот говор на комеморативниот настан по повод 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка го рече премиерот Димитар Ковачевски.

Димитар Ковачевски – претседател на Владата на РС Македонија

„И затоа имаме и морално право, но и вредности за да се спротивставиме на сите различни форми на говор на омраза и нетолеранција. Светот има потреба од гласноста на секој од нас, како народи, како држави, како луѓе – што поддржуваме, а што не поддржуваме. Што е правилно, а што погрешно. Тоа определува во каков свет ќе живееме понатаму.Тоа ја определува нашата заедничка иднина“,

рече тој.

Ковачевски посочи дека холокаустот не почнал со концентрационите логори, туку почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Според него, овие вистини посебно не смеат да подлежат на ревизионизам зашто тоа е рецепт за повторување на ужасните трагедии како холокаустот.

„За да осигураме безбедна иднина за генерацијата после нашата, сите денес мораме да покажуваме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и популистички идеолигии, кои водат кон фанатизам. Индиферентноста кон есктремизмот е соучесништво и е неприфатлива“,

рече Ковачевски.

На настанот во Националната опера и балет се обратија и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, амбасадорка на Израел, Симоне Франкел, директорот за меѓународни односи на Американскиот еврејски комитет – рабин Ендру Бејкер.

„Жртвите на Аушвиц-Биркенау, Треблинка и многуте други логори на смрта не смеат да бидат залудни, тие невини еврејски животи нека бидат залог на подобар живот на луѓето во целиот свет. Сите луѓе во светот имаат право да живеат во мир“,

повика Леви.

Симоне Франкел – амбасадорка на Израел во РС Македонија

„Денес, иако заедницата е мала, ужива во истата почит и соработка со Владата. Овој одлично организиран настан е пример за тоа. Сакам да изразам благодарност до Владата на Република Северна Македонија и до македонскиот народ за тоа што во секоја прилика изразуваат пријателски однос кон мојот народ и држава“,

рече израелската амбасадорка Франкел.

По обраќањата следуваше комеморативен филм за депортацијата на Евреите, а потоа и комеморативен концерт изведен од хорот на Националната опера и балет и од Филхармонијата на Република Северна Македонија.
Настанот е заокружување на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка со пораката – „да не се повтори никогаш повеќе“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Гоце Ристовски добитник на меѓународна награда за драмски автор

Следно

Карим Бензема ќе игра против Ливерпул во ЛШ

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и
Go toTop