ЕМ БИЦЕПСИ, ЕМ БИЗНИС… Башка плус пеење

October 27, 2025
1 min read

Миленикот на жените, пејачот Саша Ковачевиќ ѝ предложи брак на својата избраничка, Зорана Тасовац, а наводно платил дури 10.000 евра за свршеничкиот прстен.

Саша Ковачевиќ има успешна кариера, но неговите приходи не се само од пеење. Пејачот има свое музичко студио и не е единствениот што снима во него.

Саша го изнајмува ова студио, па многу негови колеги ги создаваат своите хитови токму во неговото студио.

Покрај тоа, Саша и ресторан во Нов Белград кој успешно работи со години и од кој заработува сериозни пари.

Овој ресторан има 350 квадратни метри и се наоѓа во зградата каде што живее пејачот.

Инаку, по речиси 10 години љубов, Саша Ковачевиќ реши да стави крај на својот ергенски живот и ја запроси својата девојка Зорана Тасовац.

Видеото што го сподели на својот инстаграм-профил прикажува различни моменти од животот на неговата партнерка, како и нејзината ќерка, а еден момент покажува и како изгледала свршувачката.

„Моја си денес, моја си утре“, се вели во описот на објавата, а оваа реченица е и стих од неговата неодамна објавена песна „Ромео“.

Во егзотична и романтична атмосфера, пејачот одлучи да ѝ предложи брак на убавата Зорана клекнувајќи на едно колено, а не можеше да го скрие своето воодушевување.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со ДНК на трите бебиња УТВРДИЛЕ ДЕКА СЕ СЛУЧАЈ ЕДЕН ВО 200 НИЛИОНИ

Следно

Анкета: Ѓорѓиевски со огромна предност пред Мециновиќ во трката за Скопје

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop