Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

October 25, 2025
1 min read

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија.

-Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја предадам на почитуваниот Лорант Винце, претседател на ФУЕН,  почесната награда ”Илинден” доделена на ФУЕН за оваа година, информираше Ѓурѓај.

За МИА, Ѓурѓај додаде дека се заблагодарил за  досегашна ангажираност во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија, нивната положба и права.

Ѓурѓај учествува на  69-от Конгрес на унијата што се одржува во Болзано, Италија, на кој вчера едногласно беше усвоена Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Во документот стои дека ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, во кој членуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа држава, да се трансформира во министерство за национални малцинства. 

Исто така, според Ѓурѓај,  ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо: Нема да ги коментирам зборовите на Јамал

Следно

Меџити: Проектите во Дижонска се доказ дека Чаир се развива рамномерно

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop