Мицкоски: Денешниот современ патриот е секој кој ја добил довербата на граѓаните и кој работи напорно, чесно, трудољубиво

October 24, 2025
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во општина Дојран, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември годинава.

Мицкоски зборуваше за случувањата за време на изборната кампања и за тоа што следува во наредниот период.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која легитимитетот го црпи од граѓаните, а како што вели, секој оној кој ја добил довербата од народот и работи чесно и трудољубиво е денешниот современ патриот, илинденец и асномец.

-Нема да биде лесно, ќе биде тешко, не памтиме ние лесни времиња, во суштина, многу предизвици, затоа сме ние да ги решаваме тие предизвици, не да лелекаме, не да кукаме, затоа е ВМРО-ДПМНЕ, затоа е оваа коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, да ги решава проблемите, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека довербата која граѓаните ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за овие локални избори, во првиот круг од истите, е од историски размери.

„На овие локални избори, граѓаните дадоа доверба, а коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во историски размери, како никогаш до сега. Јас сум убеден дека на овие 33 градоначалници, кои што се избрани во првиот круг, ако се додадат овие нови два, бидејќи противниците се откажаа, веќе се 35 убеден сум, дека на овие 35 ќе се додадат и преостанатите 24 и бројката ќе биде 59“, кажа Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која легитимитетот го добива од граѓаните, и како што вели Мицкоски, таа доверба нема да се изневери и само ќе се надградува.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која што својот легитимитет го добива, тој легитимитет извира од граѓаните. И ние со нашето работење нема никогаш да дозволиме таа доверба да ја прокоцкаме, таа ја доверба да ја изневериме, туку напротив ќе се трудиме со нашето работење да покажеме и докажеме дека сме ја заслужиле таа доверба и дека само ќе ја надградуваме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи оние, кои според него, работат искрено, чесно и трудољубиво да ја оправдаат довербата кој граѓаните им ја даваат се денешните современи патриоти, асномци и илинденци, а не тие кои се кријат зад црни кампањи и ад хоминем напади.

„Секој оној, кој што добил можност, ја добил довербата на граѓаните, и кој што работи напорно, чесно, трудољубиво, којшто е вреден, којшто не се однесува надмено, туку напротив, се однесува понизно, кон граѓаните кон народот, кој што го избрал, е денешниот современ патриот, е денешниот гемиџија, е денешниот илинденец, асномец“, рече Мицкоски и додаде:

„Не оној кој што седи зад статусите и се крие со лажни имиња, кој што навредува кој што лаже, кој што води црни кампањи, кој што напаѓа ад хоминем, со ниски страсти, тие не се патриоти тие се измамници“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Поразот во Скопје ја стресе Бихаќка: Галетановски прв поднесе оставка

Следно

На “Бернабеу“ ќе врие во недела: “Кралевите“ гневни по изјавите на Јамал!

Latest from Blog

Стрелецот да го ослободи умот од проблеми, Бикот да не се впушта во ризични потфати

ОВЕН Денеска обидете се да не предизвикате негативен став кај пријател, блиска личност или член на семејството. Обидете се отворено да разговарате за постојните проблеми, бидејќи само на овој начин ќе можете

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како

Македонското друштво „Илинден“-Тирана активно учествува на собирот на европските малцинства

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен

Мбапе пред „Ел Класико“: Ќе го направиме она што го очекуваат од нас – ќе победиме!

фото: Real Madrid C.F. (X) Килијан Мбапе со нетрпение го очекува утрешниот дуел со Барселона во рамките на новото коло во Ла Лига. Тој зборуваше пред натпреварот против Каталонците за своите очекувања.

Џони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО)

Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на
Go toTop