Поразот во Скопје ја стресе Бихаќка: Галетановски прв поднесе оставка

October 24, 2025
1 min read

Ѓорѓи Галетановски поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, потврдија за ТВ 24 извори од партијата.

Како што дознава медиумот, оставката е поднесена од морални и лични причини и доаѓа по првиот круг од локалните избори, на кои СДСМ доживеа тежок пораз и освои само пет советнички места во Советот на Град Скопје.

ТВ 24 се обидела да добие изјава од Галетановски, но тој не одговорил на прашањата. Од партијата официјално потврдија дека оставката е доставена на „Бихаќка“.

 

„Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки, органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, изјавија за ТВ 24 од партијата на Венко Филипче.

Галетановски, кој е дел од советничката група на СДСМ во Град Скопје, во минатото беше директор на Зоолошката градина за време на мандатот на Петре Шилегов. Според информации од партиски извори, тој важи и за критичар на одредени политики на актуелното раководство на СДСМ.

Извор: 24.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градскиот воз во Скопје ќе овозможи редовен сообраќај од Зелениково до Нова Железничка

Следно

Мицкоски: Денешниот современ патриот е секој кој ја добил довербата на граѓаните и кој работи напорно, чесно, трудољубиво

Latest from Blog

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките
Go toTop