Објавена видеоснимка од стравотниот верижен судир кај Будимпешта

March 12, 2023
1 min read

На видеото се гледа како автомобил претекнува еден од камионите и од левата преминува на десната страна од автопатот. Во еден момент тој најверојатно забавува, забележувајќи ја колоната возила пред него кои не се движат, но поради прашината и намалената видливост на патот, возачот одзади удира во него со голема брзина. За неколку секунди на патот се создава тотален хаос

Унгрската телевизија РТЛ објави видеоснимка од вчерашниот масовен верижен судир кај Будимпешта во кој загина едно лице, а повеќемина се тешко повредени.

Видеото е снимено од кабината на еден од петте камиони кои учествувале во несреќата.

На видеото се гледа како автомобил го претекнува камионот и од левата преминува на десната страна од автопатот. Во еден момент тој најверојатно забавува, забележувајќи ја колоната возила пред него кои не се движат, но поради прашината и намалената видливост на патот, возачот одзади удира во него со голема брзина.

За неколку секунди на патот се создава тотален хаос.

Во ажурираниот полициски извештај во врска со несреќата, кој беше објавен утринава, наведено е дека во судирот загинал маж на 44-годишна возраст. Тој бил пронајден од полицијата под еден од опожарените автомобили кои се запалиле при судирот.

„Во несреќата 44-годишен маж го загуби животот. При отстранување на остатоците од еден од опожарените автомобили е пронајдено загинато лице. Во моментов е во тек увидот на местото на настанот“,

информираа од полицијата на Унгарија.

Иако првично беше објавено дека во несреќата се повредени 36 лица, обновениот полициски извештај говори дека во масовниот судир се повредени 39 лица. Дванаесет лица се тешко повредени, а двајца се во животна опасност. Според унгарската полиција, 25 од повредените се малолетни лица.

Вчерашниот масовен верижен судир во кој учестуваа 42 возила, од кои пет камиони и 37 автомобили, се случи околу 14:25 часот во близина на селото Херцегалом на делницата од автопатот М1 од страната што води до главниот град на Унгарија.

Автопатот каде што се случи несреќата сега е отворен и во двата правци.

Се претпоставува дека причина за несреќата бил силниот ветер кој со себе носел прашина и со тоа била намалена видливоста, но засега нема официјална потврда за ваквите наводи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили убија тројца Палестинци во окупираниот Западен Брег

Следно

Индиската влада е против признавање истополови бракови

Latest from Blog

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши
Go toTop