Милановиќ како Кисинџер, ЈА ПОТЕРСЕ ЕВРОПА: НИЕ ПРАВИМЕ СОЈУЗ НА РУСИЈА СО КИНА!

October 23, 2025
2 mins read

Само две земји во светот имаат доволно ресурси и енергетска независност за да водат војна без помош од други – Соединетите Американски Држави и Русија, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Тие велат, на пример, дека Русија е изолирана. Јас отсекогаш сум бил скептичен. Никогаш не сум имал деловни или политички односи со нив, бидејќи се далеку. Подобро е да се работи со конструктивни односи со соседите – Србија, Унгарија, Словенија… Русија е далеку. А кој ги изолираше? Од сите луѓе во светот, само 12 проценти живеат во земји кои им воведоа санкции. Останатите 88 проценти не можат да доживеат да нè видат. Нè мразат. Нè сметаат за експлоататори и бандити кои ја наметнуваат својата волја и економски интереси преку „демократија“, а во исто време им даваат лекции на другите – рече Милановиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Самиот Запад го создаде сојузот на Русија и Кина

Милановиќ оцени дека, како што рече, „брилијантните стратези на Западот“ успеаја да постигнат она што претходно изгледаше невозможно – да ги зближат Москва и Пекинг.

Сега имаме две од најопасните земји во светот, кои ние самите ги спријателивме, наместо да бидеме на дистанца една од друга. Наместо Русија да се држи на дистанца од Кина, тие сега се во сојуз благодарение на нашите потези – истакна хрватскиот претседател.

Изјавата на Милановиќ предизвика бројни реакции во Хрватска и во регионот, бидејќи уште еднаш укажува на неговата долгогодишна критика кон западните геополитички одлуки и политиката на санкции против Русија.

Кисинџер го зборува тоа со децении

Во големото интервју што Хенри Хисинџер пред неговиот стоти роденеден им го даде на тројца новинари на лондонскиот магазин „Економист“, помеѓу останатото, поранешниот државен секретар на САД, и според многумина највлијателен дипломат во светот во 20-тиот век изјави:

“Русија и Кина не се природни сојузници. Во руската или во кинеската историја не можете да најдете лидери кои се залагале да ја засноваат својата политика на сојузи меѓу себе

Не е мудро да кажеме дека сакаме да ги одвоиме Русија од Кина – но тоа е нешто што треба да го имаме на ум. А предуслов за тоа е, пред сè, да не се уништи Русија целосно во војната.

И по војната, можеме да го прогласиме нејзиното (Руско) членство во Европа за важна цел. Иако ќе биде невозможно – и разбирливо – да се натераат источноевропејците лесно да се согласат на такво нешто.

Кисинџер со децении застапува идеја на зближување на Европа со Русија како пат до дистанцирање од цврсти сојузи со Кина што е стартешка закана за интересите на САД и Европа. Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Русија на Хенри Кисинџер му има доделено статус почесен доктор на науки.

Поранешниот државен секретар на САД и добитник на Нобелова награда за мир, Хенри Кисинџер, стана академик на Руската академија на науките во 2016-та година  заедно со уште шест странски добитници на Нобелова награда, тоа го соопшти академикот Борис Четверушкин, објавувајќи ги резултатите од гласањето за избор во Руската Академија на науките.

Во свечената сала на Академијата во Москва Кисинџер одржа говор и изјави дека дури и во новите времиња, секоја држава треба да го зачува својот национален карактер, да не ја заборави својата историја и да не се откаже од своето наследство.

На крајот од предавањето, тој рече дека САД, Русија и Кина не треба да претставуваат закана една за друга, туку – со доаѓањето на новата ера и новите предизвици – да ги преиспитаат своите способности и улоги во светот и да работат заедно во име на заедничките цели. Значи, ниту униполарен ниту мултиполарен свет, туку триаголник на САД-Русија-Кина, прилагоден за модерната ера во неовестфалски свет.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И тоа го има во САД: На Лендон Донован му „залепија“ перика во живо (ВИДЕО)

Следно

Божиновска на глобалниот форум во Берлин: Македонија дел од енергетската иднина на светот

Latest from Blog

Орбан: Прашањата поврзани со миграцијата во фокусот на следните избори во Унгарија

Прашањата поврзани со миграцијата ќе бидат во фокусот на следните избори во Унгарија закажани за април 2026 година, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со новинарите за време на враќањето од

Баба заврши на суд: Добила тужба од ќерката поради фотографии на Фејсбук

Баба од Данска е осудена на условна затворска казна откако нејзината ќерка пријавила во полиција дека објавила фотографии од породувањето на социјалните мрежи без дозвола. Се работи за фотографии на кои се

Теодосиевски: Евтин третокласен балкански хорор филм

Просто е неверојатно до кои и какви перверзни демагогии може да стаса македонскава „либерална“ политика и нејзината верна сенка викана „пајтон интелигенција“. Подготвени се и Нечестивиот да го прогласат за Господ само

Барселона зимава ќе се ослободи од двајца фудбалери од првиот тим

ФОТО:FC Barselona/FB Раководството на Барселона сериозно се подготвува за зимскиот преоден рок. Клубот најверојатно ќе дозволи еден или двајца играчи од првиот тим да си заминат уште сега. Се очекува голманот Марк-Андре
Go toTop