Со спортот – до посилна заедница: Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот

October 22, 2025
1 min read

Во време кога спортот сè
повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација,
со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба од интензивна
поддршка и унапредување на спортската инфраструктура и активности. Во таа
насока, Државна лотарија во текот на изминативе години презеде активна улога во
унапредување на спортската инфраструктура, соработка со спортски колективи низ
државата, ставајќи посебен акцент на развојот на млади спортисти, создавање
подобри услови за тренинг и натпреварување, но и зачувување на спортските
традиции.

Во последната година
компанијата воспостави соработка со значителен број спортски колективи,
вклучувајќи клубови од различни спортски дисциплини, како кошарка, фудбал,
бокс, ракомет, боречки вештини и шах. Преку оваа поддршка, не се настојува само
да се подобрат условите во кои функционираат спортските организации, туку и да
се афирмираат вредностите што ги носи спортот со себе: тимска работа, фер-плеј
игра, дисциплина, истрајност, почитување на различностите и здрав начин на
живот.

Меѓу клубовите со коишто
се остварени партнерства се кошаркарските екипи „Куманово“, „МЗТ“ и „Чаир“,
фудбалските клубови „Форца – Вардар“, „Фенебахче – Тефејуз“ и „Албарса“,
боксерските клубови „Шкупи“ и „Албарса“, како и ракометните клубови „Аеродром“
и „Спартек“. Во областа на боречките вештини, клубовите „Дрвени“ и „Викинг“,
карате клубот „Аеродром“, планинарски клуб „Остри врв“, Кратово и други. Овој
широк опфат на спортови укажува на намерата поддршката да не биде ограничена
само на најпопуларните дисциплини, туку да се прошири и на помалку видливи
спортски заедници, кои, сепак, играат клучна улога во развојот на спортската
култура во државата.

Важно е да се истакне дека
критериумот за поддршка не се темели исклучиво на спортскиот успех или на
популарноста на клубовите. Наместо тоа, се вреднува посветеноста кон работа со
млади категории, создавање инклузивна средина за тренирање и натпреварување,
како и посветеноста на пренесување на спортските вредности кон идните
генерации. Спортот, во овој контекст, се гледа како образовен и воспитен
ресурс, кој игра важна улога во социјалниот развој и во оформувањето активни,
здрави и одговорни граѓани.

Дополнително, соработката
со Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72“ е показател за ангажманот на Државна
лотарија и кон повозрасната спортска популација. Поддршката на спортски
ветерани значи признавање на нивниот придонес во спортската историја на земјата
и важноста на нивната улога во пренесувањето на знаењето и искуството кон
помладите. Преку вакви иницијативи, се овозможува континуитет на спортската
традиција, а истовремено се отвора простор за интергенерациска поврзаност во
рамките на спортските заедници.

За Државна лотарија, како
општествено одговорна компанија, инвестицијата во спортот е влог во човечкиот
капитал, во здравјето на идните генерации и во заедницата во целина. Преку
доследна и стратегиска поддршка на спортските колективи и индивидуалци, може да
се создаде основа за долгорочен развој на спортот, но и на општеството во
поширока смисла.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски најавува чистење на Скопје во првите 72 часа

Следно

Тајната за совршена фотографија во бикини: Елизабет Харли го споделува својот трик

Latest from Blog

Меѓународни кардиоторакални експерти на симпозиум во Клиника Жан Митрев, европските клинички стандарди во пракса

Со учество на врвни европски и регионални експерти, во Скопје се одржа меѓународниот симпозиум „Вoдичи во пракса“, во организација на Клиника Жан Митрев. Настанот ја потврди улогата на клиниката како современ медицински

Коњановски: Образованието е клуч за европска иднина на младите

По повод Меѓународниот ден на образованието, денеска во Битола се одржа информативно-промотивен настан посветен на можностите што ги нуди програмата „Еразмус+“ и европските образовни партнерства, во организација на Националната агенција за европски

Германија иницира формирање центри за враќање мигранти во трети земји

Според германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринд, работната група, во која, покрај Германија, ќе учествуваат и Австрија, Данска, Грција, Холандија, како и Европската комисија, ќе треба да изготви план со „иновативни

Арсенал со 20 милиони евра и дефинитивно тргнува по несудениот македонски репрезентативец!

ФОТО: FK Crvena zvezda/FB Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов, иако има само 17 години е пик на речиси сите поголеми клубови во Европа. Несудениот македонски репрезентативец, детето кое по
Go toTop