Ѓорѓиевски најавува чистење на Скопје во првите 72 часа

October 22, 2025
1 min read

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека во првите 72 часа од мандатот ќе спроведе целосна генералка во градот, со цел решавање на проблемот со сметот и мини депониите. Тој гостуваше во „Тема на денот“ на ТВ Сител, каде ги претстави и приоритетните проекти за инфраструктура и сообраќај.

„Проблемот со сметот не е нов, се соочуваме со хронична ситуација веќе неколку години. Во многу микро локации има недостиг на контејнери, а дел од нив се намалени од 3-4 на само 1. Ќе треба да утврдиме дали некој свесно го направил тоа“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека градоначалниците ќе дејствуваат брзо, со помош на општествено одговорни компании и соседни општини каде е потребно. Ѓорѓиевски јасно го означи менаџментот на Град Скопје како одговорен за сегашната состојба, наведувајќи го името на градоначалничката Данела Арсовска.

„Стојам позади секое мое ветување. На Градот Скопје му треба генералка, главната организација треба да ја води Комунална хигиена, која ги има сите ресурси за кои граѓаните плаќаат“, рече Ѓорѓиевски.

Тој ги истакна и приоритетните инфраструктурни проекти, вклучувајќи ја изградбата на првата подземна сообраќајница во Македонија – „Лимак“, како и завршување на четири клучни проекти: Љубљанска, мостот Михајло Апостолски, булеварот Борис Трајковски и клучката кај Момин Поток.

Ѓорѓиевски најави дека ќе бара поддршка од сите скопјани и дека веќе добил потврда за поддршка од организацијата ВРЕДИ И ЗНАМ.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ: Галата го “скрши“ Бодо/Глимт, Билбао се измачи против Карабах!

Следно

Со спортот – до посилна заедница: Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop