Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас, тврди српска министерка

October 21, 2025
1 min read

 Тоа синоќа го изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ,

„Суштината е дека Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански поток, што ќе и наштети и на Србија“, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

„Се надеваме дека ќе најдеме решение и правиме се што е во наша моќ, но ситуацијата е речиси безнадежна, имајќи ја предвид моменталната состојба во врска со српската нафтена индустрија“, наведе таа во писмена изјава.

Според неа, Србија, иако „не била учесник во никаков конфликт, е погодена без каква било вина“.

И покрај се, ќе направиме се што можеме, како и досега, граѓаните да не ги почувствуваат проблемите со кои се соочуваме, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. 

Според нацрт-регулативата на Советот на ЕУ, одлуката за забрана на транзит на руски гас до трети земји од Нова година ќе биде потврдена кога Европскиот парламент ќе заземе став.

Се нагласува дека конечниот текст ќе биде познат по преговорите на Претседателството на Советот на ЕУ и ЕП.

Советот на ЕУ објави дека е предвиден преоден период за постојните договори со руската страна. Според објавените правила, купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари, додека постојните ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година. Предвидено е краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година да продолжат до тој датум следната година, додека долгорочните договори можат да траат до 1 јануари 2028 година. 

И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, по повод поддршката на министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ за предлогот за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас, изјави дека не гледа излез од оваа ситуација и изрази надеж дека шефот на државата, Александар Вучиќ, има решение.

„Ова е катастрофална вест за нас“, рече таа.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атлетико го пријави Арсенал во УЕФА: На „Емирејтс“ немало топла вода, па се туширале во хотелот!

Следно

Детето ве вика по име наместо мама? Еве што значи тоа!

Latest from Blog

Се урна авион во Јужен Судан: Нема преживеани

Контактот беше изгубен за време на летот од Јеи, а причината за несреќата сè уште не е потврдена. Управата за цивилно воздухопловство на Јужен Судан соопшти дека авион се урна југозападно од

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата

Пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, во интервјуто за „Тема на денот“ на Сител Телевизија, порача дека законските измени за двојните државјанства мора да важат веднаш и за
Go toTop