Поранешниот албански премиер Фатос Нано во сериозна здравствена состојба

October 20, 2025
1 min read

Веста ја потврди болницата каде што се лекува, од каде наведуваат дека веќе 11 дена е на интензивна нега. 

“Доживеал клиничка смрт (Кардио респираторен застој) дома пред 11 дена, а бил вратен во живот од страна на тимот лекари во приватната болница. Тој моментално е во сериозна состојба со обемно оштетување на мозокот и реагира само на светлина, објавија медиумите.

Фатос Нано (73) подолго време има проблеми со белите дробови и неколку пати бил хоспитализиран. Претходно бил хоспитализиран поради хроничен респираторен проблем, познат и како ХОББ, хронична опструктивна белодробна болест.

Тој е основач и прв лидер на Социјалистичката партија на Албанија. На чело на партијата беше од 1991 до 2005 година, кога целосно се повлече од  политиката.

Премиер бил во три наврати од 24 февруари до јуни 1991, од 24 јули 1997 до 2 октомври 1998 и од 31 јули 2002 до 11 септември 2005 година.

Како премиер е најзаслужен за подобрување на односите со соседните земји, кои беа “замрзнати” во комунистичкиот период но не беа ништо подобри и во време кога на власт беа демократите. 

Нано беше уапсен на 31 јули 1993 година под обвинение за злоупотреба на службената положба во корист на трети лица и осуден на 14 години затвор.  Тој остана во затвор до 13 март 1997 година, а потоа, по познатите мартовски немири, кога земјата беше во хаос,  тогашниот претседател Сали Бериша донесе одлука за негово помилување. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откако доби отказ во Спартак Москва: Дали Станковиќ е наследникот на Пикси?!

Следно

(ВИДЕО) ДИК со официјални резултати: Во 33 општини ќе има втор круг на гласање

Latest from Blog

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат
Go toTop