Над 150 мигранти за неколку часа пристигнале на грчките острови Крит и Гавдос

October 20, 2025
1 min read

Во две одвоени акции на Крајбрежната служба на Грција во морскиот дел во близина на Крит биле спасени 110 мигранти кои се превезуваче во два чамци, а на островот Гавдос, јужно од Крит биле откриени 46 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите во локалните медиуми од Крит и од Крајбрежната служба на Грција јужно од островот во период од само неколку часа биле откриени два чамци со 59 и 51 лице, додека пак мигрантите на Гавдос, вкупно 46 лица, стигнале сами на копно.

Претседателот на Унијата на вработени во крајбрежната служба во источен Крит Јоргос Сфакианакис за критското радио 98,4 нагласи дека се очекува оваа година да има рекорден број нелегални пристигнувања на островот, објаснувајќи дека во 2024 година околу 5.100 мигранти поминале низ морската област на Крит, а сега се проценува дека бројот би можел да достигне и до 25.000 до крајот на годинава.

Дополнително истакна дека морскиот дел јужно од Крит е особено тежок за спасувачки акции, поради големото растојание од пристаништата, силните ветрови, но и големите бранови.

Островите Крит и Гавдос на југот од Грција се дел од јужната мигрантска рута што ја користат криумчарите, кои тргнуваат од бреговите во Либија. 

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нотингем Форест пронајде замена за Постекоглу

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Latest from Blog

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна
Go toTop