Панел на САНУ: Во Србија за 20 години бројот на жени во репродуктивен период е намален за 450.000

October 16, 2025
1 min read

Тоа е податок што не треба да чуди бидејќи во државата се раѓаат се помалу бебиња, објави денеска Политика извештај од панел на САНУ. 

„Резултатите од бројни истражувања покажуваат дека постои голем разлика меѓу посакуваниот и остварениот број на деца. Најновата студија од 2020 година нагласува дека просечниот број на посакувани деца во Србија е 2,6, а остварениот број наследници е 1.7“, изјави Мирјана Рашевиќ претседателка на Одборот за анализа на населението во САНУ на панелот – Ефикасни одговори за демографската криза. 

Таа констатираше дека иако во Србија има т.н. конвенционален модел за поддршка на родителство, тој модел не дава адекватни резултати кога е во прашање пораст на фертилитетот. 

Конвенционален модел означува платено породилно отсуство за мајката, родителски додаток и надомест за престој на деца во претшколски установи. 

Научниот соработник во Институтот за општетсвени науки, марко Гањак на истиот панел рече дека статистиката на морталитет сведочи дека во Србија годишно умираат околу 100.000 луѓе, но наведе дека 40.000 од нив може да се сметаат како – превремени, бидејќи се однесуваат на морталитет на лица помлади од 75 години.

„Освен тоа податоците зборуваат дека умираат многу лица помлади од 58 години, а голем број и во репродуктивно доба“.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Трамп ѝ даде зелено светло на ЦИА за спроведување тајни операции во Венецуела

Следно

Српскиот бизнисмен негира дека е во врска со екс сопругата на Харис Џиновиќ, Мелина

Latest from Blog

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување
Go toTop