Герасимовски: Енергетската транзиција е иднината за која треба сите заедно да работиме

March 11, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е на работна посета во Загреб Хрватска како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“ ја посети Општина Крижевци која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели.

Во рамки на посетата Герасимовски заедно со колегите од Балканските земји се сретна со градоначалникот на општината, Марио Рајн. На средбата Герасимовски го запозна Рајн со новоформираното претпријатие „Енергија Центар“ по што доби и совети и искуства од нивните почетоци во сега веќе енергетската транзиција на општината.

-Општина Крижевци е примерот кон кој се стреми и Општина Центар, а тоа е енергетски независна и самоодржлива општина. Оваа посета која не е прва за мене е навистина значајна. Впрочем Општина Крижевци е зародишот на идејата за формирање на „Енергија Центар“. Посетата на развојниот центар и технолошкиот парк и посета на климатската канцеларија во Крижевци и задругата Клик се искуство кое треба да се научи и примени. Со пресликувањето на „Крижевскиот модел“ Општина Центар би добила значајна заштеда и повраток на инвестираните средства за неколку години“, рече Герасимовски.

При посетата на Загреб градоначалникот Герасимовски се сретна и со Бранко Анчич претставникот на Општина Загреб, со кого разговараа за потребата на енергетската транзиција.

Инаку тридневната посетата во Хрватска беше организирана од фондацијата „Фридрих Еберт“. Општина Центар присуствуваше со уште неколку колеги од Балканските земји со кои разменија искуства и дијалози на меѓународно ниво во областа на енергетиката и искористувањето на обновливите извори на енергија.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ли Чјианг е назначен за нов премиер на Кина

Следно

На Западниот Брег израелски војници убија 16-годишен Палестинец

Latest from Blog

САД ја продолжуваат поморската блокада – неколку бродови поминаа низ Ормускиот теснец

„Ниту војна, ниту мир“ – вака дел од светските медиуми ја опишуваат ситуацијата во Ормускиот теснец ден откако блокадата на САД стапи на сила. Потегот на Трамп следуваше по колапсот на мировните

Стопанска банка со најголем плус, прометот достигна 11,14 милиони денари на денешната берзанска сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 14 април 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,10% и заврши на 9.986,80
Go toTop