Стоилковски: Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски врски со човек којшто пука, тепа и насилно попречува изборен процес?

March 11, 2023
1 min read

(Интегрален текст и видео од прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски)

Македонија тоне во насилен криминал и хаос затоа што институциите шуруваат со криминалот!

Ве повикувам да погледнете едно видео. Ова е Самед Мисини од Ласкарци, во Јули 2022 година, кога испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје! Ова пукањето е кривично дело член 396 став 2.

Покрај пукањето, Мисини се поврзува и со насилство против изборите за бркање на гласачи и набљудувачи во Ласкарци, како и со напад и тепање на бизнисмен во кабинетот на Шилегов веднаш по локалните избори, кога при полициска интервенција пронајдено е и оружје. Секако, нема казна за Мисини
Мисини е бизнисмен, градежник, добитник на тендери од Скопје под Шилегов, а до сега иако има повеќе документи за дела во полицијата, никогаш ништо не е реализирано.

За кривичното дело, што го видовте, има оперативен извештај до Единица за недозволена трговија, но не се преземени никакви оперативни мерки. Нема претрес, нема барање на оружјето, нема казна.

Причина за неказнувањето е што главен гостин и сведок на пукањето, во случајот свадба кај Мисини, е директорот на БЈБ Сашо Тасевски со семејството.

Почитувани, нема јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него! Оттука, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, мора да одговорат:

Дали е нормално наместо Мисини за случајот да бидат казнети полицајци?
Дали е нормално вакво пукање да се случува пред очи на директор на БЈБ?
Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес?
Дали неказнивоста на овој човек се спроведува преку началникот на крим полиција Музафер Каришиќ?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски?
Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини?

Почитувани, наместо да се гони криминалот, институциите со СДС и ДУИ шуруваат со него. Оној што треба да го гони криминалот влегува во ортачки однос со него!

Скопје и Македонија се претворени во држава каде што царува криминал, насилства, убиства и мафијашки пресметки.

Се додека оние што шуруваат со криминалот се на власт, Македонија ќе продолжи да тоне!

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Со три гласа против и осум воздржани, Ли Чианг е избран за нов премиер на Кина

Следно

Барселона обвинета за корупција

Latest from Blog

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е
Go toTop