Долго очекуваната слобода: Хамас ги ослободи заложниците

October 13, 2025
1 min read

Радост, неверување и две години чекање собрани во еден момент. Ова се сцените од домот на семејството Бохбот, откако добија вест дека нивниот Елкана, по 738 дена поминати во заробеништво во Газа, конечно се враќа дома.


Ахува Хамо за првпат по две години го слушнала гласот на својот син, кој ѝ се јавил непосредно пред да биде предаден на Црвениот крст.

„Многу сум возбудена. Го видовме Елкана на видео, на Facetime, сестра ми разговараше со него и беше многу емотивно. Таа вели дека тој стои на нозе, се смее и ѝ рекол – мамо, добро сум, добро сум.“, вели Хамо.


Елкана се очекува да биде дел од втората група заложници што ќе бидат ослободени во текот на денот. Според договорот за прекин на огнот, Хамас денеска ослободи седум заложници, а се очекува вкупната бројка да достигне 20. За возврат, Израел ќе ослободи над 1.900 палестински затвореници.

Над 65.000 Израелци славеа на Плоштадот на заложниците.


Договорот вклучува и предавање на телата на 28 починати заложници, иако времето за тоа сè уште не е прецизирано.

Американскиот претседател Доналд Трамп, чие посредништво доведе до прекин на огнот во Појасот Газа и чиј авион слета во Израел, пристигна во израелскиот парламент. Беше пречекан со стоечки овации.

„Господине претседателе, денес ве поздравуваме овде за да ви се заблагодариме за вашето клучно водство во поднесувањето предлог кој доби поддршка од речиси целиот свет, предлог, предлог кој ги враќа сите наши заложници дома.“, изјави Нетанјаху.

„И по толку многу години непрекината војна и бескрајна опасност, денес небото е мирно, оружјата се тивки, сирените се мирни и сонцето изгрева на света земја која конечно е во мир – земја и регион кој ќе живее, со Божја волја, во мир за цела вечност.“, рече Трамп.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија невиден напад врз еврејската држава на 7 октомври 2023 година.

„Доналд Трамп е најголемиот пријател што државата Израел некогаш го имала во Белата куќа.“, изјави Нетанјаху.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Клучката кај Момин поток е еден од врвните приоритети

Следно

Де ла Фуенте со 2 милиони евра е европски првак, а Пикси со 1,5 милиони ја бламираше својата земја!

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop