Диди бара префрлање во друг затвор

October 13, 2025
1 min read

Пи Диди , некогаш еден од највлијателните луѓе во музичката индустрија, беше прогласен за виновен за организирање повеќедневни секс забави во кои учествуваа неговите поранешни партнерки и машки сексуални работници.

Покрај затворската казна, тој ќе мора да плати 500.000 долари и да учествува во програми за ментално здравје и лекување на зависност. Во барањата што ги поднесоа до федерален судија, адвокатите на Комбс тврдат дека престојот на раперот во MDC Brooklyn е неподнослив и дека се плаши за сопствената безбедност.

Поради тоа, Диди бара да го отслужи остатокот од казната во FCI Fort Dix во Њу Џерси – отворен затвор познат по своите терапевтски и образовни програми. Учеството во програми за лекување на зависност, образовни и работни активности би му обезбедиле стабилност и структура за закрепнување – наведе неговиот адвокат во поднесокот, додавајќи дека преместувањето би овозможило и почести семејни посети. Комбс моментално е во специјална единица во MDC Brooklyn.

Единицата е позната по речиси целосна изолација на затворениците и екстремно лоши услови. Во писмо до судијата, раперот го опишал својот секојдневен живот како нехуман, тврдејќи дека во затворот нема чиста вода за пиење и доволно простор за затворениците.

„Го изгубив патот во животот. Поради моите одлуки, ја изгубив слободата, кариерата и угледот. Но, најлошо од сè, ја изгубив самопочитта“, рече Комбс при изрекувањето на пресудата, додавајќи дека затворот го принудил да се соочи со своето минато.

Тој, исто така, забележа дека ова бил неговиот прв подолг период на целосна трезвеност во последните 25 години.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија од денеска воведе привремена забрана за употребата на електрични тротинети

Следно

Униформи и оброци за учениците – дел од програмата на Меџити

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop