Почина Дајан Китон

October 12, 2025
1 min read

Китон починала во Калифорнија, а нејзините најблиски побарале приватност, изјави семеен портпарол за медиумот.

Глумицата стекна светска слава во 1970-тите со улогата на Кеј Адамс во трилогијата „Кум“, како и со своите соработки со Вуди Ален.

За влијателниот филм на Ален, Annie Hall, доби Оскар и стана препознатлива по машкиот стил на облекување на главниот лик.

Меѓу нејзините многубројни омилени филмови се The First Wives Club, Father of the Bride, The Family Stone и филмовите Book Club.

Таа беше номинирана за Оскар и за улогите во Something’s Gotta Give, Marvin’s Room и Reds, каде што глумеше заедно со Ворен Бити.

На фил дебитираше во 1970 година со Lovers and Other Strangers, но нејзиниот голем пробив дојде со филмот на Френсис Форд Копола, The Godfather (1972), во кој ја играше девојката на ликот на Ал Пачино – Мајкл Корлеоне.

Својата улога ја повтори во The Godfather Part II (1974) и The Godfather Part III (1990).

Голем дел од нејзината кариера ја обележаа честите соработки со Вуди Ален, нејзиното поранешно момче, а многу фанови ја сметаат Ени Хол за нејзина најиконична улога.

Многумина шпекулираа дека филмот Annie Hall бил заснован на нејзината врска со Ален, но таа во интервју за The New York Times во 1977 година изјави: „Тоа не е вистина, но има елементи на вистина во тоа.“

Други нејзини филмови со Ален се Manhattan, Sleeper, Manhattan Murder Mystery и Play It Again, Sam.

Таа остана поддржувач на Ален и по обвинувањата на Миа Феро дека тој ја злоупотребил нивната посвоена ќерка, Дилан.

Китон, исто така, често соработуваше со режисерката Ненси Мајерс, почнувајќи со филмот Baby Boom (1987). Нивните други заеднички проекти се Father of the Bride (1991) и неговото продолжение од 1995 година, како и Something’s Gotta Give (2003).

Во 1996 година глумеше заедно со Голди Хоун и Бет Мидлер во The First Wives Club, филм за три жени чии сопрузи ги напуштиле за помлади партнерки.

Во поново време соработуваше со Џејн Фонда, Мери Стинбурген и Кендис Берген на филмовите Book Club.

Китон никогаш не се омажи. Во 1996 година посвои ќерка по име Декстер, а четири години подоцна и син, Дјук.

Нејзините последни филмови беа Summer Camp и Arthur’s Whisky во 2024 година, а изгледа дека потоа не почнала ново снимање.

Во декември 2024 година го објави својот прв соло сингл – божиќната песна First Christmas.

Во тоа време напиша на Инстаграм: „Сржта на Божиќ – да сакаш и да бидеш сакан. Тоа е пораката на First Christmas. Длабоко сум трогната од вашите коментари и приказни од целиот свет за First Christmas. Ви благодарам што споделивте што значи оваа песна за вас“.

Нејзината последна објава на Инстаграм беше по повод Националниот ден на миленичињата во април и го прикажуваше нејзиното куче Реџи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Њујорк: Градот на фасади што зборуваат, архитектонски спектакл и визуелна енциклопедија на стилови

Следно

Никогаш не треба да истурате млеко во мијалникот, еве зошто

Latest from Blog

ЕДЕН ОД ПРИСИЛНО МОБИЛИЗИРАНИТЕ УКРАИНЦИ за својот случај: Се криев осум месеци во подрум, но…

Според видео објавено од Телеграм каналот „Северен Ветар“, 54-годишниот Виктор Мовчан е по потекло од Виницкиот регион и бил присилно мобилизиран во 2023 година. После тоа, неколку пати бил ранет и одел

ЦИК: Излезноста на денешните локални избори во Косово беше 38,48 отсто

На целата територија на земјата, времето за гласање на локалните избори, кои започнаа во 7:00 часот, заврши во 19:00 часот. Според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, по обработката

Пукање во ресторан во САД, четири лица загинаа, најмалку 20 ранети

Четири лица се убиени, а најмалку 20 се ранети денес во пукотница во ресторан во островски град во американската држава Јужна Каролина, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бофорт. Заменик-шерифските службеници биле

Македонија против Казахстан: Бесплатен влез за младите фудбалери и ученици

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека за натпреварот помеѓу Македонија и Казахстан, кој ќе се одигра утре (13 октомври) на националната арена „Тодор Проески“ во 20:45 часот, ќе има бесплатен влез на
Go toTop