Драма во океанот- ајкула од 3 метри нападна нуркач и му ја гризна главата: Се слушна крцкање

October 6, 2025
1 min read

Сепак, морскиот биолог Маурисио Охос од Мексико, кој го истражувал Индискиот Океан кон крајот на септември, немал среќа – и речиси умрел.

Ајкулата одеднаш нападна

Охос нуркал во близина на Кокосовите Острови, кои се дел од Австралија, со намера да ги обележи ајкулите за истражувачки и конзерваторски цели. Во еден момент, се најде во близина на триметарскиот предатор, кој се обиде да го допре.

Одеднаш, ајкулата се сврте и го нападна!

„Сè се случи за секунда. Главата ми заврши во нејзините вилици“, објасни морскиот биолог.

Почувствувал огромен притисок

Охос нагласува дека почувствувал огромен притисок и слушнал „крцкање“, пренесува Unilad.

„Штом го почувствува мојот череп, ме пушти. Ги отвори вилиците и исчезна во длабочините“, додава истражувачот.

Сепак, каснувањето било доволно за да предизвика повреди на главата и лицето. Крвта му ја исполни маската за нуркање. Острите заби на ајкулата му ја отсекоа цевката за довод на воздух, принудувајќи го да се врати на површината.

„Ја видов ајкулата како се оддалечува. Да сакаше, лесно можеше да ме убие“, рече тој.

„Имав среќа“

Колегите го извлекле од водата и го однеле на брегот, каде што му била укажана прва помош. Потоа бил однесен во болница, каде што лекарите му зашиле 27 конци на главата и лицето и морале да му ја оперираат вилицата.

И покрај сè, д-р Ојос останал смирен и благодарен што преживеал.

„Имав среќа. Тоа беше потсетник колку се моќни овие суштества, но и колку заслужуваат наша почит“, заклучил тој.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алексовски: Отворањето на нови работни места остануваат наши врвни приоритети

Следно

Тејлор Свифт откри што ќе се случува со нејзината кариера, откако ќе се омажи

Latest from Blog

Проданоски: Лука Најдоски е гордост на Прилеп и доказ дека младите имаат светска иднина

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати јавна честитка до шеснаесетгодишниот Лука Најдоски, актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, нагласувајќи дека неговиот успех е гордост не само за Прилеп, туку и

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници. Оценува дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека

Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: Културата и образованието се срцето на македонскиот идентитет во Албанија

Интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“–Тирана, Албанија Никола Ѓурѓај е препознатлив како глас на Македонците кај нашиот западен сосед и често јавно говори за односите меѓу Македонија и Албанија,
Go toTop