Скопјанец не може да докаже дека е жив поради неговиот брат близнак

March 10, 2023
1 min read

Еден скопјанец се соочува со несекојдневна ситуација затоа што повеќе 20 години не може да докаже дека е жив, објави „СДК.мк“.

Иако има правосилна судска пресуда, резултати од две ДНК-анализи, сепак Афет Џелилов не може да докаже дека е жив, откако неговиот брат близнак Нусрет Џелилов починал во 2001 година.

Управата за водење на матични книги го „избришала“ уште во 2001 година, па сега Џелилов бара помош од Народниот правобранител.

– Сè ми е измешано во главата во оваа држава. Ма малтретираат со години, нема врата на кја не сум тропнал. Јас сум во домашен затвор. Бев пријавен на мое име, но кога ми заврши важноста на личните документи, заврши и мојот работен однос. Немам лична карта, непријавен сум на работа, а од 2010 година останав и без банкарска сметка, открива Џелилов за „САКАМДАКАЖАМ.МК

Случајот го води заменичката – народен правобранител Сузана Салиу, која е револтирана од штетата која ја прави Управата за водење матични книги во случајот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи: Намалувања за 15 и 10 отсто

Следно

По трет пат одложено судското рочиште за случајот со родилката од Дебар

Latest from Blog

Ердоган до Руте: Турција работи на обновување на преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Анкара вложува напори за обновување на преговорите меѓу Русија и Украина и оти очекува Алијансата да преземе поголема

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во вечерашната дебата во „Топ тема“

Божиновска во Виена: Фокус на зелена транзиција и енергетска безбедност

Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер. Фокусот на разговорите
Go toTop