Психолоџи Тудеј: Шахот како начин за проучување на преголема самодоверба

October 3, 2025
2 mins read

Може да ги прецениме шансите за добивање работа, за точно одговарање на прашање или за успешно исполнување новогодишна одлука. Понекогаш оваа самодоверба е корисна – нè мотивира да вложиме повеќе труд, што навистина може да ги зголеми нашите успеси. Но истовремено, таа влијае врз нашите одлуки за кариера и финансии, па може да има и негативни последици, пишува Психолоџи Тудеј.

Покрај ова, постои и добро познатиот Данинг-Кругер ефект, кој открива дека колку помалку е компетентна една личност во некоја област, толку повеќе има тенденција да биде премногу самоуверена. Објаснувањата се различни, но едно од најважните е дека оние со најслаби резултати едноставно немаат јасна претстава што значи вистински експертски успех.

Сепак, дел од научниците изразуваат сомнеж во валидноста и на преголемата самодоверба, и на самиот Данинг-Кругер ефект. Тешко е точно да се измери дали некој е навистина премногу самоуверен, бидејќи не постои универзална скала за споредба. Освен тоа, во многу области луѓето немаат јасна повратна информација за своите перформанси. Некои автори дури сметаат дека Данинг-Кругер ефектот е производ на начинот на мерење, а не на реална психолошка појава.

Во 2025 година, Патрик Хек, Даниел Бенџамин, Даниел Сајмонс и Кристофер Чабрис објавија студија во списанието Psychological Science која се занимава токму со овие прашања користејќи го шахот како пример.

Тие требало да го наведат својот актуелен рејтинг и да кажат дали сметаат дека тој е точен одраз на нивното ниво. Ако мислеле дека не е, требало да објаснат дали нивната реална способност е повисока или пониска, и да наведат каков рејтинг сметаат дека навистина заслужуваат. Дополнително, предвидувале колку партии би добиле во 10 меча против посилни или послаби противници.

Резултатите покажале дека играчите генерално точно го знаат својот моментален рејтинг – значи не лажат за бројката. Но, најчесто веруваат дека тој е пренизок во однос на нивните вистински способности. Во просек, си додавале многу поени „на заслужен рејтинг“. Како што предвидува ефектот Данинг-Кругер, оваа разлика била најголема кај шахистите со најслаби рејтинзи, а најмала кај најсилните. Играчите исто така преценувале колкави им се шансите да победат противници со различен рејтинг, иако постојат добро познати статистики за тоа.

Истражувачите ги следеле и резултатите на учесниците една година подоцна. Навистина, повеќето успеале да го подобрат својот рејтинг, но зголемувањето било многу помало од она што тие претходно го предвиделе за себе.

Оваа студија е важна затоа што покажува дека луѓето остануваат премногу самоуверени дури и кога постои точна и објективна мерка за нивните способности, и дури кога редовно добиваат повратни информации. Ефектот Данинг-Кругер повторно бил јасно присутен.

Текстот за Психолоџи Тудеј го напиша доктор Арт Маркман, професор по психологија и маркетинг на Универзитетот во Тексас, Остин.

Кендра Чери, која е магистер по образовни науки и специјалист за психосоцијална рехабилитација, едукатор по психологија и автор на „Сè за психологијата“ (Everything Psychology Book) во друг текст вели дека за да се намали тенденција, луѓето треба постојано да ги предизвикуваат своите верувања и очекувања и да бараат идеи што ги оспоруваат нивните ставови.

Според Данинг, сите ние сме она што тој го нарекува „мотори на погрешни верувања“. Иако сите сме склони да го доживееме Данинг-Кругер ефектот, учењето повеќе за тоа како функционира умот и за грешките на кои сите сме подложни може да биде чекор кон исправување на таквите обрасци, вели Чери.

Кога луѓето учат повеќе за некоја тема од интерес, почнуваат да ја препознаваат својата недоволна информираност и способност. Потоа, како што луѓето стекнуваат повеќе информации и стануваат експерти за темата, нивото на самодоверба повторно почнува да расте. Но, смета Чери, наместо луѓето да претпоставуваат дека знаат сè што треба да се знае за некоја тема, треба да продолжат да копаат подлабоко. Кога ќе се стекне поголемо знаење за темата, најверојатно ќе сфатат колку уште има што да се научи. Ова може да ја спречи тенденцијата луѓето да мислат дека сте експерти, дури и кога не се.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Континуирано намалување на бројот на новородени во Грција

Следно

Ѓорѓиевски во Чаир: „Нашата визија за Скопје е реална и остварлива“

Latest from Blog

За шегата на Рама на сметка на Трамп, дипломатски одговор од Белата куќа (Видео)

На прашањето на „Топ њуз“, дали коментарите на Рама се сфатени во негативен контекст и дали ќе влијаат на билатералните односи, заменик секретарот за печат на Белата куќа, Ана Кели, дала целосно

Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници по ултиматумот на Трамп

Хамас објави доцна во неделата дека се согласил со некои аспекти од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Газа, вклучувајќи го ослободувањето на заложниците и предавањето на

Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат

СДСМ на овие избори настапуваат со слоганот „се бориме за нашиот дом“. И сè е тоа фино, ама забораваат дека пред година и три месеци тие управуваа со домот. И она што
Go toTop