Новиот потег на Закерберг нема да им се допадне на корисниците на „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“

October 2, 2025
1 min read

Последниве години Марк Закерберг го префрли фокусот на својата компанија од метаверзумот кон вештачката интелигенција. „Meta“ така го претстави дигиталниот асистент „Meta AI“, кој веќе е интегриран во нејзините апликации како „Facebook“, „Instagram“, „WhatsApp“ и „Messenger“.

Ако разговарате со некого во рамки на „WhatsApp“ и сакате да прашате нешто преку вештачка интелигенција, нема потреба да ја напуштате апликацијата и да отворате, на пример, „ChatGPT“ – одговор можете да добиете директно во „WA“. Доволно е да го допрете синиот круг во апликацијата и да напишете што ве интересира.

Освен што „Meta AI“ е достапна во рамки на апликациите, со асистентот на Закерберг може да се комуницира и преку веб и посебна апликација – на ист начин како со „ChatGPT“, „Gemini“ и други четботови базирани на вештачка интелигенција.

Персонализација на рекламите

Бидејќи е достапен на сите платформи на „Meta“, јасно е дека многумина повремено или често користат „Meta AI“. Закерберг неодамна се пофали дека асистентот има повеќе од милијарда активни корисници месечно.

Прашање е дали корисниците и понатаму ќе бидат толку заинтересирани за овој четбот откако компанијата најави дека во иднина ќе им се прикажуваат реклами и друга содржина базирана на нивните интеракции со дигиталниот асистент и со другите производи поврзани со генеративната AI. Со други зборови, ако во „WhatsApp“ го прашате асистентот да ви спореди одредени производи за чистење, можете да очекувате дека ќе почнат да ви се појавуваат реклами за такви уреди.

Корисниците ќе бидат официјално известени за оваа промена следната недела, а таа ќе стапи во сила на 16 декември. Додека може да се очекуваат критики на сметка на овој потег, менаџерката за приватност и податоци во „Meta“, Кристи Харис, изјави дека тоа е само „природен напредок“ во персонализацијата, кој ќе овозможи уште подобри препораки за луѓето. Таа нагласи дека компанијата сака да биде „супер транспарентна“ и навреме да ги информира корисниците за промените кои следат.

Претплата за „Meta AI“?

Закерберг се надева дека овој новитет ќе резултира со подобри препораки за реклами, што треба да донесе и зголемување на приходите од огласување. Уште порано најави дека размислуваат и за воведување претплата за користење на нивниот AI четбот. Тоа не се единствените идеи за нови извори на приходи – во „Meta“ размислуваат и за платени препораки кои би се вметнувале во одговорите на прашањата поставени на нивната вештачка интелигенција.

Таквиот раст на приходите од AI е од особено значење затоа што компанијата моментално троши огромни ресурси на развој на оваа технологија, но и на привлекување на најголемите таленти во индустријата, кои, секако, бараат многу високи плати. Како што неодамна изјави самиот Закерберг, тој повеќе би ризикувал и би потрошил стотици милијарди долари на AI отколку да задоцни со развојот на суперинтелигенцијата. Токму со таа цел – создавање на вештачка интелигенција која е попаметна од човекот – „Meta“ ангажира толку многу нови AI експерти, бидејќи на ова поле не сака да заостанува зад конкуренцијата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски гостин на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025

Следно

Канаваро има нов ангажман, ќе биде селектор на Узбекистан

Latest from Blog

Брод со 1,9 милиони барели иранска нафта поминал незабележано покрај американската морнарица

Според компанијата за следење на танкери, бродот носи повеќе од 1,9 милиони барели нафта, јавува агенцијата „Анадолу“. „Супертанкер од класата VLCC, во сопственост на Националната иранска компанија за танкери (NITC), кој носи

Димовски: Позитивни бројки од ТИРЗ – платите растат, извозот и уплатите во буџет во пораст

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски

Лоши вести од Англија: На Фергусон не му беше добро, па мораше итно да го напушти “Олд Трафорд“!(ФОТО)

Во моментов се игра големото дерби во Англија меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Секако кога играат овие две екипи, во ложата е и Алекс Фергусон, легендарниот тренер на Јунајтед, но тој нема

Димовски: Компаниите во ТИРЗ со поголеми плати, извоз и буџетски придонеси

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски

Европската држава размислува за ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА 70 КМ/Ч поради можен недостиг на гориво

Намалувањето на брзината и ограничувањето на возењето во густо населени подрачја би можело да биде начин за намалување на потрошувачката на гориво. Шведска би можела да воведе итни мерки поради евентуален недостиг
Go toTop