Денови на мед во Куманово по 25-ти пат

October 2, 2025
1 min read

На манифестацијата учествуваат претставници на пчеларски здруженија од Македонија. Пчеларите ја оценуваат годината како просечна.

Претставниците од здружението доделија платени на најуспешни пчелари во повеќе категории, а воедно претставници од болницата. Директорот Сашо Стошевски додели плакета на здружението на поранешниот претседател Горан Митевски за поддршката за време на пандемијата кога пчелаирте донираа мед за здравствените работници од општина болница Куманово.

Претседателот на здружението, Бобан Стошевски посака успешна медена година, надевајќи дека наскоро ќе ги постават штандовите на градскиот плоштад и куановци ќе можат да се снабдат со мед.

– Успешно и неуморно работевме на жештините, го чекавме дождот, кој пристигна денеска. „Деновите на мед“ се круна на нашата работа. И очекуваме медена 2026-та година, изјави Стошевски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кажа дека општината се гордее со членовите на здружението, укажувајќи дека Македонија отсекогаш била позната по квалитетен мед. Тој очекува македонскиот мед да почне да се продава на светските саеми по висока цена, посочувајќи дека дури и во 2009 во Шанагј, македонскиот штанд на мед бил меѓу најпосетуваните.

– Многу ми е драго што има млади луѓе во здружението, но особено ми е драго што достојно ги почитувате повозрасните од кои ви сте учеле, така треба и вашиот систем на вреднувања да го преземе и државата, кажа меѓу другото Димитриевски.

Професорот по пчеларство од средното стручно училиште „Киро Бурназ“, Горан Митевски кажа дека годинава имале просечно производство на мед.

– Климатските промени се гледаат и во самите количини на производство ако пред 25 години било 15 килограми по мед, сега просечно по седум до осум. Сепак, повремено имаме и добри години. Важно е да се преземаат сите мерки, рече Митевски.

„Пчела“ постојано работи во насока на промоција на пчеларството. Во моментов има над сто членови од различни генерации. Поискусните пчелари ги едуцираат помладите колеги и им нудат и менторски услуги. Производителите генерално се задоволни од потрошувачката и од поддршката на надлежното министерство од субвенции, мерки за поддршка и модернизација на производството.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Премногу ме малтретиравте сите, станав неосетлив“: Страшен мејл стигна во многу училишта во Србија и е напишан со помош на АИ?!

Следно

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни и инфраструктурни проекти во Гази Баба

Latest from Blog

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на

Утре делови од Тетово ќе бидат без струја

Делови од Тетово утре (5 мај 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објекти во дел од градот во

Виљареал и официјално ќе има нов тренер

Марселино Гарсија Торал нема повеќе да биде тренер на екипата на Виљареал. Ова конечно го потврди и самиот клуб, заблагодарувајќи му се на искусниот стратег, кој што го водеше тимот од 2023
Go toTop