Физички продавници на кинески „Шејн“ во Франција

October 2, 2025
1 min read

Кинеско-сингапурскиот моден бренд „Шејн“ (Shein) објави дека ќе ги отвори своите први постојани физички продавници во Франција во ноември. Имено, првата локација ќе биде во Париз. По неа, ќе следат уште пет продавници во трговски центри во Дижон, Рејмс, Гренобл, Анже и Лимож, се вели во соопштението на компанијата.

Отворањето е овозможено преку партнерство со малопродажната група „Сосиете де грандс магазинс“ (‘Société des Grands Magasins’ – SGM), којашто е сопственик на „БХВ Маре“ (BHV Marais) во француската престолнина и неколку продавници на „Галери лафајет“ (Galeries Lafayette) во другите градови. Компанијата ќе создаде 200 директни и индиректни работни места во Франција.

„Ова партнерство е повеќе од лансирање – тоа е посветеност на ревитализација на центрите на француските градови, реставрација на стоковните куќи и создавање можности за француска мода, соопшти „Шејн“.

Основана во Кина и со седиште во Сингапур, „Шејн“ ја изгради својата империја врз ултраевтина облека, огромен асортиман на производи и агресивен маркетинг. И покрај успехот, брендот е предмет на сè почести критики поради еколошкиот печат од масовното производство, условите за работа и обвинувањата за нелојална конкуренција. Европските брендови го обвинија за заобиколување на ЕУ-стандардите и искористување на даночните олеснувања за пратки со ниска вредност. Синџирот има 16.000 вработени низ целиот свет и пријавен приход од 23 милијарди долари во 2022 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Следно

Мецола: Проширувањето е добитна комбинација за ЕУ

Latest from Blog

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го
Go toTop