Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба 09.3.2023

March 10, 2023
1 min read

Денес градоначалничката на град Скопје, заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје направија увид во работата на реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во парк шумата Гази Баба.

Инвестицијата за реконострукцијата за овој проект кој е од исклучително значење за жителите на Гази Баба е инвестиција од сопствени средства на ЈП Водовод и Канализација Скопје, во висина од 14.033.800 денари.

Со реализација на овој проект се осигурува постојано, непречено и квалитетно без загуби во мрежата водоснабдување на поголем дел на територија на општина Гази Баба (нас. Железара, Автокоманда), а променет е и цевководот и поставена е цевка 250мм. 

Со завршување на првата фаза односно крак 1, се изведе дислокација на водоводната мрежа по нова патека одобрена од Град Скопје односно ЈП Паркови и зеленило, во должина од 488 метри и се изврши поврзување со постоечкиот цевковод на ул. Тајмишка. 

Воедно беа изградени и две нови шахти: шахта со испуст во бунар, и водоводна шахта за поврзување на новата цевка со дијаметар од 250мм со постоечката цевка со дијаметар од 200мм.

При изведбата беа вградени  дуктилно – лиени железни цевки и соодветни фасонски парчиња и арматури.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата, власта е уортачена со криминалот

Следно

Отворање на изложбата „Првите 30 години“ на уметницата Касиопеја Наумовска во Кинотека

Latest from Blog

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат
Go toTop