Кочовски: Реконструкција на Здравствениот дом во Вевчани, ќе го зголемиме капацитетот на детската градинка, туризмот останува наш приоритет

September 30, 2025
1 min read

На денешниот митинг во општина Вевчани, градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, истакна дека се што е ветено е исполнето изминатите четири години и дека ќе се продолжи со зсилено темпо да се работи одговорно, посветено и чесно за да општина Вевчани биде општина достапна и отворена за своите граѓани.

„Програмата за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет на Вевчани. Приоритет ни се нови инвестиции не само во инфраструктурата туку и изградба на мултифункционална игралиште во Вевчани, реконструкција на старата Кино сала, доградба на градинката во Вевчани, ќе изградиме и нови водоводни и канализациони линии, инфраструктурата ни е пред се, сите проблеми што ги имаме мапирано да ги решиме ,никој нема да биде заборавен“, рече Кочовски.

Градоначалникот Кочовски истакна дека ќе продолжи да се вложува во културата и туризмот, ставајќи го во фокусот Вевчанскиот карневал, со што Вевчани би била најпосакувана туристичка дестинација.

„Во делот на туризмот, се обврзуваме на континуирана поддршка и организација на Вевчанско лето, поддршка на Вевчански карневал, поддршка на Василичарски друштва, поддршка на фестивалот за народна култура и традиција „Пображење“, поддршка на здруженија на граѓани кои се занимаваат со развој на вевчанската култура и традиција. Со ова ќе ја направиме Вевчани најпосакувана дестинација за туристите.

Исто така тој стави акцент и на проектите кои ќе следат во здравствениот сектор, како реконструкцијата на ЈЗУ „Здравствен дом“ Вевчани.

„Во однос на социјална и здравствена заштита, се обврзуваме на реконструкција на кров и поткровје во, ќе продолжиме со поддршката на здружението на пензионери, а ќе ги отвориме и вратите за соработка со останатите здруженија на граѓани во областа на социјалната и здравствена заштита, а ќе ја зголемиме и финансиската поддршка за секое новороденче во Општина Вевчани“, вели Кочовски кандидат за градоначалник на општина Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подземни контејнери и 3.000 паркинг места: Меџити со визија за Чаир

Следно

Нови работни места: Ѓорѓиевски го поздрави развојот на кондиторската индустрија во Кисела Вода

Latest from Blog

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop