Нови работни места: Ѓорѓиевски го поздрави развојот на кондиторската индустрија во Кисела Вода

September 30, 2025
1 min read

Денес Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, заедно со кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, ја посетија домашната инвестиција „Мако Маркет“, која се истакнува како пример за успешна македонска приказна.

Во моментов се завршуваат подготовките за започнување на една од најголемите инвестиции за производство на кондиторски производи во регионот, како и современ логистички центар на површина од 22.000 м². Вредноста на инвестицијата изнесува 20 милиони евра и се очекува да создаде дополнителни 300 работни места.

„Горди сме што стануваме сведоци на вакви проекти, домашна инвестиција со странски партнер која носи економски раст, нови работни места и извоз што ја зајакнува македонската економија“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека институциите се тука да обезбедат поддршка во административната логистика, создавање подобри услови и охрабрување на секоја нова инвестиција.

„Нека се множат ваквите успеси! За Кисела Вода и за Скопје кое расте, се развива и станува место на нови можности“, порача Ѓорѓиевски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кочовски: Реконструкција на Здравствениот дом во Вевчани, ќе го зголемиме капацитетот на детската градинка, туризмот останува наш приоритет

Следно

Австрија протера руски дипломат поради сомнение за шпионажа

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop