Вучиќ вели ќе продолжат коректните односи со Москва, Хил порачува Белград да се усогласи со ЕУ во однос на санкциите

March 9, 2023
1 min read

Вучиќ ова го изјави по средбата со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко, која ја оцени како „добра и корисна“. Како што изјави Вучиќ на Инстаграм, со рускиот амбасадор разговарале и за билатерални прашања и за позицијата на Србија во однос на Косово

Американскиот амбасадор во Србија денеска пред новинарите во Белград, пак порача дека е неопходно, доколку Србија треба да проголта некоја горчлива таблета, најдобро е тоа веднаш да го направи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ијзави дека дека Белград ќе продолжи да одржува коректни односи со Русија.  

Вучиќ ова го изјави по средбата со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко, која ја оцени како „добра и корисна“, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Средба на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко/Фото: Претседателство за Србија

Како што изјави Вучиќ на Инстаграм, со рускиот амбасадор разговарале и за билатерални прашања и за позицијата на Србија во однос на Косово. 

Од друга страна, пак, американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил истовремено денеска изјави дека е „непходно“ Србија, која е на европскиот пат , да се усогласи со политиката на Европската Унија (ЕУ) во однос на санкциите кон Русија. 

„Никогаш не би го употребил зборот Србија „мора“, тоа што го велам е, имајќи предвид дека Србија е на (европскиот) пат и сите знаеме дека тоа е патот кон ЕУ и дека порано или подоцна ќе стигне таму, неопходно е да се усогласи со политиката на Унијата“,

рече Хил. 

Тој пред новинарите во Белград порача дека е неопходно, доколку Србија треба да проголта некоја горчлива таблета, најдобро е тоа веднаш да го направи. 

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил/Фото: EPA/MATTHEW CAVANAUGH

„Со оглед на тоа што речиси сите земји во Европа сфатија дека на Русија не може да ѝ се дозволи да продолжи да прави работи како овие што ги прави на својот сосед (Украина), очекуваме дека Србија, исто така, ќе се приклучи на заедницата на народи (ЕУ) кои ова го разбраа на време“,

изјави Хил, пренесува Бета. 

Србија е единствената земја во регионот која нема договорено единствена политика на санкции против Русија од почетокот на војната во Украина. 

Европските претставници редовно го предупредуваат официјален Белград дека од Србија како земја кандидат се очекува постепено да ги усогласува своите политики со оние на ЕУ. 

Неусогласувањето на политиката на санкции кон Русија е главната причина поради која Србија минатата година не отвори ниту еден кластер од  пристапните преговори со ЕУ. 

Инаку, од почетокот на војната во Украина, ЕУ воведе десет пакети санкции против Русија. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од утре замрзнати цени и на тестенините и млечните производи

Следно

Во бродолом крај брегот на Тунис загинаа 14 мигранти

Latest from Blog

Лажно се претставувал како вработен во Агенцијата за одземен имот и измамил граѓани за над 115.000 евра

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од

ФРАНЦУСКАТА ИНТЕРАКТИВНА ПРЕТСТАВА „МАЈСЕЛФС“ ГО ЗАТВОРА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Дваесет и првото идание на Танц фест Скопје се затвора вечерва (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ, со интерактивната кореографска претстава „Мајселфс“ (Myselves) на Кеј-данс (К-Danse) од Франција, пионери во спојувањето

Собранието на Косово и во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Пратениците во Собранието на Косово ниту денеска за време на 15-тото продолжение на конститутивната седница, не успеаја да го изберат претседателот и потпретседателите на Законодавниот дом.  Претседавачот со конститутивната седница, Авни Дехари
Go toTop