Од утре замрзнати цени и на тестенините и млечните производи

March 9, 2023
1 min read

Цените на макароните и шпагетите се очекува да паднат за над 10 отсто, додека за млечните производи Бектеши рече дека ќе остават производителите да се подготват зошто некои и сами веќе ги намалуваат производите

По лебот, замрзнати цени од утре ќе има и на тестенините и млечните производи, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека најдоцна до утре наутро Владата ќе донесе одлука.

„Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе покажат анализите дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно“,

рече Бектеши.

Според него, цените на макароните и шпагетите ќе бидат намалени и за над 10 отсто, а во делот на млечните производи рече дека ќе остават на производителите до утре да се подготват зашто, како што нагласи, некои веќе и самите ги намалуваат.

На новинарско прашање на кои млечни производи ќе бидат замрзнати цените, тој како пример ги посочи белото сирење, млекото, урдата… Како што рече, ќе бидат опфатени истите производи кои беа и во владината одлука за ограничување на маржите.

Ако се погледне одлуката, од млечни производи таа ги опфаќа: трајното кравјо млеко со масленост од 2,8 %, 3,2 % и 3,5 %; урдата; кравјото бело сирење и мешаното бело сирење; кашкавалот; киселото млеко; павлаката и јогуртот.

Ова ќе биде второ замрзнување на цени на производи откако минатата недела ист чекор Владата презеде и за белиот и полубелиот леб од 450 грама чија цена ја замрзна на 33 денари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ла Лига поднесе жалба за расни навреди упатени кон Винисиус

Следно

Вучиќ вели ќе продолжат коректните односи со Москва, Хил порачува Белград да се усогласи со ЕУ во однос на санкциите

Latest from Blog

Лажно се претставувал како вработен во Агенцијата за одземен имот и измамил граѓани за над 115.000 евра

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од

ФРАНЦУСКАТА ИНТЕРАКТИВНА ПРЕТСТАВА „МАЈСЕЛФС“ ГО ЗАТВОРА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Дваесет и првото идание на Танц фест Скопје се затвора вечерва (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ, со интерактивната кореографска претстава „Мајселфс“ (Myselves) на Кеј-данс (К-Danse) од Франција, пионери во спојувањето

Собранието на Косово и во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Пратениците во Собранието на Косово ниту денеска за време на 15-тото продолжение на конститутивната седница, не успеаја да го изберат претседателот и потпретседателите на Законодавниот дом.  Претседавачот со конститутивната седница, Авни Дехари
Go toTop