Надлежната комисија на шпанската фудбалска Ла Лига денес поднесе жалба во врска со расизам изразен против Винисиус Жуниор од страна на навивачи на Бетис.
Лигата објави дека на натпреварот помеѓу Бетис и Реал Мадрид (0:0) минатиот викенд биле забележани расистички навреди кон крилниот напаѓач.
Ла Лига поднесе пријава до судот во Севиља со цел да се идентификува лицето одговорно за навреда на Винисиус и да се примени соодветната казна.
Ова е седма пријава на Ла Лига која се однесува на расистички навреди упатени кон Винисиус.
ИЗВОР: kurir.mk