Средбата меѓу Бајден и Фон дер Лајен вовед во преговорите за слободна трговија меѓу ЕУ и САД

March 9, 2023
1 min read

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Џо Бајден утре во Вашингтон можат да го објават почетокот на преговорите за слободна трговија меѓу Европската унија и САД, што ќе ги ублажи и тензиите меѓу економиите на двете страни, пишуваат медиумите повикувајќи се на американски и европски претставници.

Во центарот на спорот е американскиот Закон за намалување на инфлацијата, кој Бајден го потпиша минатата година и чија цел е да ги ублажи последиците од климатските промени со фонд од речиси 400 милијарди долари, првенствено преку зелена транзиција во производството на електрична енергија и во автомобилската индустрија.

Законот предвидува вложување милијарди долари во домашното производство на енергија со истовремено намалување на емисиите на штетни гасови, но ЕУ стравува дека тоа ќе и наштети на нејзината економија.

Во исто време, законот нуди огромни владини стимулации за американските компании, компании кои произведуваат во САД или користат американски производи.

Законот, меѓу другото, нуди даночни олеснувања за американските потрошувачи за купување нови и половни електрични возила, но наметнува и строги правила кои странските производители ги доживуваат како дискриминаторски.

Според „Њујорк Тајмс“, возилата мора да бидат произведени и составени во САД, а суровините за батериите мора да доаѓаат од Северна Америка или од земји со кои САД имаат договор за слободна трговија.

И покрај блискиот сојуз, САД немаат договор за слободна трговија ниту со ЕУ, Велика Британија или Јапонија.

Посебно незадоволство, како што наведува весникот, покажале европските функционери кои сметаат дека законот е донесен во момент кој е многу сложен за европските економии, погодени од нарушувања на пазарот поради војната во Украина и зголемувањето на цените на енергенсите.

Спорот за американската државна помош се закани да прерасне во американско-европска војна на субвенции и да ги наруши односите меѓу сојузниците во време кога тие се обидуваат да го зачуваат единствениот фронт против Русија, пишува американскиот дневен весник.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсим Зеколи тврди дека Ахмети намерно го понижува СДСМ за да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Општина Кисела Вода без „Лајка“ ќе го решава проблемот со улични кучиња

Latest from Blog

Видео: Божиќната елка во Витлеем првпат осветлена од почетокот на војната во Појасот Газа

Во текот на двете години војна во Појасот Газа, сите јавни прослави на Божиќ беа откажани во Витлеем на окупираниот Западен Брег, каде што христијаните веруваат дека е роден Исус. Меѓутоа, по

Силен земјотрес ја погоди границата меѓу САД и Канада

Силен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени ја погоди оддалечената област на границата помеѓу американската држава Алјаска и канадската територија Јукон во неделата. Не е издадено предупредување за цунами, а официјалните лица

Интервју на МИА со кардиохирургот Колев: 30-45 минути пешачење за 50 отсто ви ја намалува опасноста да завршите на кардиохиругија

Во интервјуто со д-р Александар Колев, кардиохирург од Универзитетската клиника во Скопје, разговаравме и за проблемот што ги заплашува многу родители чии деца имаат отвор меѓу двете преткомори на срцето, а и
Go toTop