Видео касети, лаги и 6-ти јануари

March 9, 2023
1 min read

Во снимките што ги објави Карлсон се гледа како Џејкоб Ченсли (тој со роговите), еден од најпрепознатливите ликови од упадот во Капитол хил, не само што нема никаков конфликт со обезбедувањето, туку и полицијата го придружува низ цела зграда, го води на местата што сака да ги посети и му ги отвора вратите, вклучително и до салата на Сенатот на САД.

„Речиси секој момент додека Ченсли е во Капитол е снимен на касета. Снимките покажуваат дека полицијата од Капитол никогаш не го запрела Ченсли. Тие му помогнале. Тие се однесувале како негови туристички водичи,“ коментира Такер Карлсон во својата емисија.

Во еден момент на снимките, полицајците што го придружуваат Ченсли минуваат со него покрај 7 други полицајци кои ја чуваат салата на Сенатот без воопшто да го погледнат или да му обратат внимание. По неколку заклучени влезови, полицајците конечно наоѓаат отворена врата и му помагаат на Ченсли да влезе во Сенатот.

Ченсли е 33-годишен поранешен припадник на американската морнарица, кој за своето учество во упадот, врз основа на снимките доби четири години затвор. По објавувањето на снимките, се огласи и адвокатот на Ченсли, кој изјави дека обвинителството иако има должност да и ги предаде сите слики на одбраната никогаш не ги испорачало.

Ченсли од затвор разговара со Карлсон и му изјавува дека од една од работите за кои најмногу жали е што поверувал дека полициската придружба значи дека тоа што го прават е прифатливо.

„Ниту еден од седумте полицајци не се ни обидува да го запре.

Тој сфаќа дека полицијата од Капитол му се сојузници… ако тој бил сред извршување на такво сериозно дело, зошто тогаш полицајците што стоеле до него не го уапсиле?“ коментира Карлсон.

Карлсон ги добива снимките од спикерот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Меккарти, кој уште пред добивање позицијата го најави објавувањето на видео материјалите.

Водителот на Фокс њуз ги обвини демократите дека со тоа што ги контролирале снимките од упадот од 6 јануари и одбивале да ги објават, тие ја контролирале и сликата што јавноста ја има за настанот и разбирањето на случувањата. Освен епизодата за Ченсли, Карлсон најави уште 4 други епизоди во кои ќе се објават досега невидени снимки од нападот.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хаверц за критиките на Потер: Стотици тренери во Англија мислат дека секој знае подобро од него

Следно

Советот на министри на ЕУ даде зелено светло за либерализација на визите за Косово

Latest from Blog

Пет месеци по неговиот избор: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го прими Филипче во Вила Водно

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ. Ова е прва средба на новиот претседател на СДСМ

Дел од општините сè уште немаат мерни станици – Дали воздухот во Македонија е многу позагаден отколку што мислиме?

Енормното загадување на воздухот е реалност што нè чека и оваа зима, иако не е официјално започната, речиси секој ден, освен кога има дожд и ветер граѓаните се гушат во висока концентрација

Парламентарци од Чешка во посета на Собранието на Македонија

Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија. Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена

Какво ќе биде времето денес?

Времето денеска ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки
Go toTop