Бизарна кражба во Париз- украл автобус и го возел по улиците, додека возачот бил на пауза

September 23, 2025
1 min read

Тој седнал зад воланот на автобусот во 5 часот наутро на станицата Монпарнас во 15-тиот арондисман, додека возачот бил на пауза, објави „Ле Фигаро“.

Благодарение на системот за геолокација, автобусот бил откриен, а полицијата го уапсила крадецот половина час подоцна во 20-тиот арондисман во Париз.

Според транспортните власти, во автобусот немало патници во времето на кражбата, па затоа никој не бил повреден за време на нелегалното возење.

Канцеларијата на парискиот обвинител отвори истрага за да ги утврди сите околности на инцидентот.

Според првичната истрага, возачот на автобусот отишол на пауза, оставајќи го клучот во бравата за палење.

Во изјавата на обвинителот се додава дека човекот што го украл автобусот претходно не им бил познат на властите и дека бил бездомник.

Синдикалните претставници предупредија на леснотијата со која можат да бидат украдени вакви возила, додавајќи дека се потребни дополнителни безбедносни мерки за заштита на возниот парк, возачите и другите учесници во сообраќајот. Синдикалниот претставник Ахмед Берахал предложи воведување на специјални сервисни картички за никој да не може да го запали возилото и да го вози.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лапорта за бојкотот на Реал на „Златната топка“: Нека научат да губат!

Следно

Анџелина Џоли за САД: Ја сакам својата земја, но во моментов не ја препознавам- ова се тешки времиња

Latest from Blog

Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан

Моќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското Море

 Седмата флота на американската морнарица за Си-Ен-Ен (CNN) го потврди инцидентот што се случи на 24 јули. Сериозен дефект во Јужното Кинеско Море Бродот ја изгуби способноста за маневрирање поради дефект на
Go toTop