Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски: Започна реконструкцијата на двете главни улици во Љуботен

September 23, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Дарко Костовски, објави дека започна реконструкцијата на двете главни улици во село Љуботен, кои не биле допрени од 1998 година.

„Дадениот збор го реализираме. Почнуваме со реконструкција на главната улица покрај основното училиште и дел од улица број 3. Ова е децениско барање на жителите кое конечно станува реалност“, истакна Костовски.

Тој додаде дека во изминатиот период се асфалтираа повеќе улици во рамките на првата фаза, а во наредните денови ќе продолжи реконструкцијата и на други делови од селото.

„Ја подобруваме патната мрежа во сите населени места, при што приоритет имаат оние каде што досега немало асфалт. Градежната офанзива се одвива со силна динамика, а целта е еднаков и рамномерен развој на сите населени места“, нагласи тој.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европска недела на спортот 2025 – Ристовски го отвори големиот настан во Скопје

Следно

Коњановски на средби со локалното население во Битола: „Силата е во народот“

Latest from Blog

Моќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското Море

 Седмата флота на американската морнарица за Си-Ен-Ен (CNN) го потврди инцидентот што се случи на 24 јули. Сериозен дефект во Јужното Кинеско Море Бродот ја изгуби способноста за маневрирање поради дефект на

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога

По години запуштеност, Градскиот стадион во Прилеп повторно е во одлична состојба

Градскиот стадион во Прилеп доби целосно освежен изглед и повторно е подготвен да ги пречека спортските натпревари. ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“, во соработка со Локалната самоуправа, реализираа целосна рехабилитација

„Ливерпул нема да ја освои титулата“

фото: Liverpool FC (X) Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, даде многу песимистичко предвидување за својот поранешен клуб пред новата сезона. Крауч верува дека „црвените“ немаат доволно квалитетен тим

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд,
Go toTop