Screenshot

Општина Битола го подигнува квалитетот на образованието со модерна опрема

September 23, 2025
1 min read

Битола – Во периодот 2022-2025, Општина Битола реализираше значајни инвестиции во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, со цел подобрување на условите за образование и создавање современа и функционална училишна средина.

Во рамките на уредувањето, сите стари внатрешни врати беа заменети со нови, изработени од првокласно суво чамово дрво и фарбани со еколошка боја, при што е зачуван автентичниот изглед на гимназијата. Третиот кат и кабинетот по хемија се модернизирани со нови работни клупи со огноотпорни плочи, шкафчиња, умивалници и други помошни елементи.

За потребите на кабинетите по хемија, физика и биологија набавени се различни инструменти како термометри, сонди и микроскопи, додека кабинетот за странски јазици доби нова библиотека за книги.

 

Дополнително, саниран е стариот партерен ѕид со природен камен, поставена е нова ограда од ковано железо и гранитни скали, со цел зачувување на автентичноста на објектот. Балконот доби нова ограда од ковано железо и замена на постоечкиот лексан со плексиглас, додадена е летна училница со бехатон плочки и настрешница, а покривниот пасаж кон спортската сала е доработен со лим и електрична инсталација.

Од Општина Битола истакнуваат дека вложувањето во образованието е инвестиција во иднината на младите и развојот на градот, нагласувајќи дека продолжуваат со реализирање проекти кои го подобруваат квалитетот на наставата и условите за учење.

Влогот во образованието е влог во иднината!

 

Видеото може да го погледнете тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат намалување на старосната граница за кривична одговорност

Следно

Преголема е пасивноста и инерцијата на обвинителствата и неефикасноста на судовите

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop