НЕМА ДА СЕ РАСКИНЕ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО КУЛТУРАТА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА

January 11, 2023
1 min read

Нема да се раскине Колективниот договор во културата, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска синоќа во ТВ-емисија на Телма, на која дебатираше заедно со претседателката и потпретседателот на Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ). Синдикатот на 9 јануари имаше повеќе реакции на Предлог-законот за плати во јавниот сектор кој е предложен од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), како и на тоа дека според член 26 став 5 државата може да ги прогласи за ништовни некомпатибилните Колективни договори и дека Колективниот договор за култура ќе биде укинат.

„Колективниот договор нема да го раскинеме, затоа што сте го добиле тоа право после 15 години. За 2023 година, лично како министерка со тимот направивме план да ги избуџетираме платите. Навистина, одбивам перцепцијата во јавноста дека се прави одреден притисок за да се укине Колективниот договор ниту пак Синдикатот“, кажа Стојчевска-Костадиновска, додавајќи дека ги охрабрува и понатаму да останат гласни за нивните права и за културата.

Колективниот договор и Синдикатот ќе бидат испочитувани од Министерството за култура и поддржани и внимателно чуени за нивните барања и предлози, додаде таа.

Од Владата рекоа дека станува збор за драфт-верзија за која ќе се консултираат сите засегнати страни, институциите, синдикатите и слично.

„Целта на работната верзија е сите да го видат. Затоа сите кои имаат конкретни забелешки да ги достават, но треба да дадат и соодветни решенија за забелешките“, додаде министерката Стојчевска-Костадиновска.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола пред градското дерби: Допрва треба да ги анализирам последните натпревари на Јунајтед

Следно

Бајден вели дека не е запознаен со содржината на доверливите документи од периодот кога бил потпретседател

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop