Андоновска: ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец, развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ

September 21, 2025
1 min read

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата затоа оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер, изјави денеска Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Апатичноста на претходната власт изразена преку неисплатени субвенции и афунционални системи за наводнување, сега е веќе минато. За само 15 месеци Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ исплати над 11 милјадра денари за заостанати и тековни субвенции, со што 70.000 земјоделци добија финансиска поддршка. Системите за наводнување пак се оспособени со што навремено е обезбедена вода за наводнување.

Од неодамна, во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започнато е доделувањето на картици за зелена нафта, мерка која опфаќа речиси 46.000 земјоделци, а за која се издвоени 540 милиони денари.

Оваа година утврдена е и рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец- 21,3 денари по килограм и Смедеревка- 18,9 денари по килограм. Исто така оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица се откупуваше по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите.

Со ВМРО- ДПМНЕ за првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ.

Новина е отпочнувањето на кампањата „Македонско најдобро“ која има за цел раздвижување на домашната економија преку помагање на компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, како и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи.

Најмаркантен повик е т.н. мерка 50-50, со која се кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација.

Додека пак јавниот повик за млади земјоделци броеше 254 апликации од кои одобрени се 117.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец. ВМРО- ДПМНЕ продолжува со поддршката кон македонските земјоделци затоа ВМРО- ДПМНЕ е вистинскиот избор за твојата иднина!, рече Андоновска.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 100.000 гости на штипската „Пастрамалијада“

Следно

Орбан: Западот повеќе не е пример кој треба да се следи

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop