Мицкоски на поставување камен-темелник за Дом за стари лица во општина Зрновци

September 21, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен-темелник за нов Дом за стари лица во oпштина Зрновци.

Како што информираат од владината прес-служба, според проектот површината на објектот е 1.600 метри квадрати, а капацитет на домот е за 64 легла.

Ова е приватна инвестиција на компанија Еко Пак Хит – Кочани, додека пак Општина Зрновци ја има спроведено комплетна процедура за добивање позитивно мислење од Владата за отуѓување на градежното земјиште.

Проектот е од витално значење за источниот регион, со фокус на подобрување на условите за социјална заштита на највозрасните граѓани и обезбедување квалитетна грижа во современи услови.

На настанот најавено е присуство на градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, претставници од инвеститорите, како и митрополитот Брегалнички Иларион, кој ќе изврши осветување на темелите на новиот објект.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Романија предупредува: зимата ќе донесе прекини со струја ако централите на јаглен се исклучат

Следно

Продолжува борбата против пожарите во Турција, евакуациите се во тек

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop