Петрушевски: Евроинтеграциите ги блокираа СДС и ДУИ, потребно е со национално достоинство и заштитен идентитет да ги надминеме тие пречки

September 19, 2025
1 min read

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој истакна дека европскиот процес е еден од врвните приоритети на Владата и додаде дека истото се докажува со денешниот брифинг, каде се презентирало до каде сме и она коешто планираме да го преземеме во иднина. Петрушевски нагласи дека претходната влада на СДС и ДУИ го закочила овој процес со прифаќање на апсурден француски предлог.

„Претходната влада на СДСМ ДУИ го закочија овој процес прифаќајќи еден апсурден француски предлог којшто ни ги закочи преговорите“, дециден е Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски укажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи со цел да ја надмине блокадата којашто ја затекнале од претходната влада. Тој додаде дека потребно е со национално достоинство и заштитен идентитет да се надминат пречките и да имаме еден нормален, предвидлив процес на евроинтеграција.

„Она коешто ние го работиме е да најдеме начин да го надминеме тој процес. Да ја надминеме таа блокада во којашто ја затекнавме од претходната влада, да најдеме начин како со национално достоинство, заштитен идентитет и гордост да ги надминеме тие пречки и нормално преку Копенхашките критериуми да ја донесеме Европа тука и да имаме еден нормален, предвидлив процес на евроинтеграција, како што го имала впрочем секоја држава којашто претходно пристапувала“, рече Петрушевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мухамед Елмази: Доста веќе мрак! Уште 30 дена ќе ги запалиме светлата на надежта за Сарај!

Следно

Претераниот внос на протеини е штетен

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop