Вучиќ ја осуди изјавата на висок член на СНС за постоење планови за убиство на студентот Павле Цицвариќ

September 19, 2025
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја осуди изјавата на членот на Главниот одбор на владејачката Српска напредна странка, Синиша Вучиниќ, дека постојат планови за убиство на студентот Павле Цицвариќ, нарекувајќи ја неодговорна и најави дека ќе се провери дали има нешто зад тоа.

Иако рече дека ја осудува изјавата на Вучиниќ и дека е крајно неодговорна, Вучиќ рече и дека разбира што сака да каже – дека блокадерите не успеваат.

„Верувам дека Синиша Вучиниќ се покајал и нема да повторува такви глупости“, рече Вучиќ и додаде дека за секој случај, ќе побара од Агенцијата за безбедност да провери „дали има нешто зад тие неодговорни тврдења“.

Студентот Павле Цицвариќ, за кого Вучиниќ изјави пред два дена дека ќе биде убиен, објави дека против Вучиниќ ќе бидат преземени правни чекори. Вучиниќ во програмата на провладината телевизија Информер објави дека е планирано убиство на Цицвариќ за да бидат помасовни антивладините протести.

Рагираше и Асоцијацијата на независни електронски медиуми кои оценија дека Синиша Вучиниќ треба да биде сослушан и гонет за „најава за убиство“ на студентот Павле Цицвариќ. 

Вучиќ изјави дека воената парада не се организира поради дневно-политички потреби, туку поради покажување на силата на државата како средство за одвраќање на секој потенцијален агресор, со цел да се зачува мирот. Тој додаде дека денес никој во светот не може да ја прегази Србија.

„Луѓето прашуваат и велат што ќе направи парадата за нас, бидејќи утре е парадата и ги поканувам граѓаните да присуствуваат на таа парада, да дојдат и да видат, да ги видат огромните промени, да ја видат огромната разлика, да видат што изградивме заедно, на што работевме заедно овие 13 години, да видат како ова е поинаква земја“, изјави Вучиќ за ТВ Блиц.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Казна за Кристал Палас: „УЕФА МАФИЈА“ чини 10.000 евра

Следно

Топ-5 листа „најсреќни градови“ за одмор и патувања

Latest from Blog

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува
Go toTop