Николовски – Биркланд: Царината е посветена на јакнење на трговската соработка со САД

September 19, 2025
1 min read

Раст на трговската размена со САД и привлекување нови инвестиции се во фокусот на  ефективните трговски политики коишто ги спроведува Царинската управа. Во целост се применуваат најновите измени на Законот за царинска тарифа – со што увозот со потекло од САД е целосно ослободен од царински давачки. Ова беше клучната порака на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на средбата со економскиот аташе на амбасадата на САД, Барнабас Биркланд, и економскиот советник Јордан Дамчевски.

–  Оваа посета е значајна можност за унапредување на соработката, особено во реализацијата  на заедничките приоритети – спроведување ефективни трговски политики кои ќе го зголемат обемот на трговската размена и ќе привлечат нови инвеститори од САД. Економската трансформација преку подобрена трговска политика и борба против криминалот и корупцијата е стратешки приоритет за двете држави. Во овие напори, Царинската управа има витална улога преку олеснување на легалната трговија и создавање подобра бизнис-клима и обезбедување стабилен и одржлив економски раст, истакна директорот Николовски.

Биркланд потенцира дека добрата соработка е клучна за напредокот и потврди дека Амбасадата на САД негува одлични релации со Царинската управа – соработка што ќе продолжи и во иднина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АНКЕТА: Орце Ѓорѓиевски со убедливо водство пред противкандидатите за градоначалник на Скопје

Следно

Нема да верувате која европска престолнина го зазеде првото место: Топ-5 листа „најсреќни градови“ за одмор и патувања

Latest from Blog

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што
Go toTop